3 причини зошто да ја играте Atlas Fallen

За време на развојниот период, Atlas Fallen беше игра која ветуваше многу и очекувањата беа навистина високи, до тој степен да многумина гледаат на играта како на следното големо RPG остварување. Atlas Fallen конечно излезе, но насловот е прифатен со измешани реакции и играта моментно седи со 60% позитивни рецензии на Steam.

Што е вистинска штета.

Песочна оаза на комплексни механики

Atlas Fallen можеби не е играта која мислевме дека ќе је добиеме, но не е се така црно, особено кога ќе го тргнете на страна pre-release хајпот. Под објективна лупа и со свежи очи, играта открива волшебен свет со освежително уникатни гејмплеј механики. Токму во оваа прилика, сакаме да ве запознаеме со три огромни причини поради кои треба да ѝ пружите шанса на Atlas Fallen. Но, првин…

Кој стои зад Atlas Fallen?

Deck13 Interactive, претходно познат под името TriggerLab, е германски девелопер со седиште во Франкфурт. Компанијата е основана уште во далечната 2001 година, а студиото е најдобро познато по исфрлање хiтови како Lords of the Fallen и The Surge.

Долго време, студиото беше независно и склопуваше најразлични договори, но во 2020 година издавачката куќа Focus Home Interactive реши да го одврзе кесето и да го купи студиото за 7.1 милиони евра.

Atlas Fallen е една од двете игри кои се очекуваат од оваа студио. Наредната игра која студиото планира да ја исфрли е уште една Lords of the Fallen.

Флуидно движење и впечатливи битки

Почетокот во Atlas Fallen знае да биде проблематичен. Приказната почнува споро и несигурно, како да не знае во кој правец да се развие и што да прикаже, но набргу, вашиот лик ќе се импринтира на ракавица во која демнее древната моќ за манипулирање на песокот. Од тој момент, започнува епско патување низ огромен, отворен свет каде вие сте колосален извор на несопирлива сила и навлегувате во предизвикувачки битки со комплексни RPG механики!

1. Atlas Fallen има огромен, отворен свет кој можете да го истражувате со уште еден пријател

Atlas Fallen се одликува со четири огромни и визуелно преубави области кои можете да ги истражувате сами или со уште едно лице. Голем број игри нудат огромни, но празни простори, но тоа не е случајот за оваа игра. Користејќи ја моќта на песокот, ви се пружаат одлични можности за истражување и пронаоѓање интересен плен. На почетокот, можете да се лизгате по песокот и двојно да скокате, но подоцна се отклучуваат значително поинтересни моќи кои ви дозволуваат да се навратите на претходно истражени области и да го зграпчите пленот кој првично ви бил недостапен. Па така, скокот може да го надградите за неколку брзи проблекувања низ воздухот, или пак да кревате структури голтнати од песокот. Особено ни се допадна моќта Enhanced Crush која уништува древни синџири и открива нови места и плен!

2. Длабок систем за борба со предизвикувачки непријатели

Доколку сте запознаени со реномето на Deck13, тогаш би ви било опростено да помислите дека и Atlas Fallen е Souls-like, слично на нивните претходни игри: Lords of the Fallen и The Surge. Но, Atlas Fallen влече поголема инспирација од традиционалните RPG игри, иако не дозволува да биде премногу размазена од нив за да игра на сигурни карти. Поради тоа, првото нешто што ќе го забележите е уникатниот систем на битки кој се заснова на користење на ракавицата за да се трансформира песокот во едно од две моќни оружја.

За време на битките, имате три нивоа на моментум. Кога ќе го исполните првото ниво, оружјата стануваат поголеми и подеструктивни, а нападите заземаат значително поразлична димамика и флуидност. Истото се случува со секое исполнување на нивото. Но, ова доаѓа со цена. Како се оружјата понапредни, така сте вие поранливи и во второто ниво ударите на непријателите се значително посилни откако кога сте во првото ниво. На овој начин се создава интересен уникатен баланс каде никако не се опростува безвезното млатарење, туку се бара да се гради стратегија заснована на добри рефлекси и правилни офанзивни и дефанзивни напади.

За да ги избегнете нападите на непријателите, можете да се тркалате на страна, но и да активирате песочен штит. Доколку го активирате песочниот штит во последен момент, непријателот ќе биде привремено суспендиран во просторот и ќе можете или целосно да го нападнете, без страв од контра напад. Ова е одлично и доколку сакате да исфрлите еден играч од игра, за да го израмните бојното поле и да се фокусирате на другите непријатели.

Ваквите уникатни механики допринесуваат до константна потреба за импровизација каде секоја битка е можност за непредвидлива и адреналинска авантура и многу лесно можете да подвлечете интересна паралела so Forespoken, особено кога ќе се земе во предвид лизгањето низ песокот и слободата и флуидноста во движењето. Но, бројните непријатели би можеле да имаат и суптилни допирни тачки и со Monster Hunter. Некои од чудовиштата се мали, а некои огромни. Непријателите бараат применување различни тактики, таргетирање одредени екстемитети, а потоа и собирање интересен плен!

3. Комплексни RPG механики

Претходно споменавме дека имате три нивоа (momentum) кои од една страна ве прават подеструктивни, но од друга, пак, ве прават поранливи. Ваквиот систем крие и дополнителни можности за манипулација, особено откако ќе соберете неколку таканаречени Essence Stones. Со овие волшебни камења, можете да вметнувате дополнителни способности и моќи во секој од трите нивоа. Еднаш штом достигнете одредено ниво, способностите или автоматски се активираат и спремно чекаат зелено светло од вас за да ослободат разорна моќ.

Покрај нормални имате и tainted essence stones. Овие камења се значително помоќни, но и кријат одредени негативни ефекти и секогаш треба да сте претпазливи доколку решите да ги интегрирате во вашиот билд. Не се лесно стекнуваат, меѓутоа, и за да ги добиете потребно е да уништите некој од елитните непријатели. Ваквите елитни непријатели се огромен предизвик, но и одлична можност да ја разбиете монотонијата и да повикате пријател за помош!

На располагање имате над 30 моќи со кои можете да експериментирате се додека не го откриете моделот што најдобро ви одговара на вас. За дополнителна разноликост, имате на располагање и таканаречени idols; со нив ја модифицирате вашата основна способност.

Со оглед на тоа дека е исклучително важно и да изгледате кул додека правите кул работи, на располагање имате бројни визуелни-импресивни оклопи кои ги наоѓате низ светот. За поголема ефикасност, истите можете и да ги надградувате, со што им се зголемуваат офанзивните и дефанзивните способности, но и со таканаречен perk поен, кој ви помага да отклучите дополнителна способност за ликот, како полесно наоѓање скриени богатства или добивање екстра моментум на почеток од секоја битка. А штом целосно надградите одреден оклоп, добивате способност која е ексклузивно уникатна за тој оклоп, како успорување на непријателите секој пак кога ќе ве удрат.

Комбинацијата од сево ова, допринесува до слоеви и слоеви RPG механики кои органски се испреплетени една со друга и допринесуваат до чувство на легендарни и впечатливи сукоби кои се лични ваши и скроз различни од билдовите на вашите пријатели.

Дали да ја играте Atlas Fallen?

Atlas Fallen никако не е без мани. Покрај генеричната приказна и слабата глума, на моменти ќе наидете на „пукање“ на текстури, нивно споро вчитување и неефикасен систем на водење низ мапата и светот. Но, ова не е доволно за да ги поттисне позитивните работи, а, верувајте, Deck13 се има потрудено Atlas Fallen да има ризница од скапоцености, уникатно богатство кое спремно го очекува вашето загазување во песочниот универзумот.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Deck13
  • Издава: Focus Entertainment
  • Жанр: RPG, Акција, Авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Ќе излезе на: 9 август 2023

Оценка

  • Вкупна оценка: 8.25
  • Приказна: 7
  • Гејмплеј: 10
  • Графика: 8
  • Звук и музика: 8

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk