Македонски Телеком го најавува почетокот на една од највозбудливите потраги со која корисниците треба да го пронајдат најновиот и неодолив iPhone Xs. Во уникатната потрага по iPhone Xs можат да учествуваат сите граѓани кои прво ќе треба да се регистрираат преку веб страницата www.sakamiPhoneXs.mk.

Регистрирањето е преку Фејсбук профил и започнува од денеска, а ќе трае до четврток, 25 октомври до 9:00 часот. Сите оние коишто ќе се регистрираат, секој момент ќе можат да го следат одбројувањето до почетокот на потрагата.
Долгоочекуваниот iPhone Xs пристигнува во земјава наскоро и ќе им биде на дофат само на најупорните и најснаодливите учесници во потрагата. Победникот од потрагата ќе го добие телефонот на 26 октомври, на денот кога започнува официјалната продажба на овој телефон во Македонија и ќе биде првиот што ќе го има новиот iPhone Xs кај нас. Станува збор за телефон којшто е брилијантен, располага со сосема нов голем OLED екран со Super Retina – најнапредниот во индустријата. Има уште побрза Face ID функција, како и најпаметен и најмоќен чип што досега воопшто го имал смартфон. Да не го заборавиме и револуционерниот систем на камери. Едноставно, прекрасен е како и да се гледа. Затоа, вклучете се во уникатната и возбудлива потрага по iPhone Xs и очекувајте добра забава!
Во потрагата можат да учествуваат сите граѓани кои треба да се регистрираат преку веб страницата www.sakamiPhoneXs.mk








Мило ми е за направената игра и за потрагата по новиот iphone xs