1 коментар 2 мин. читање 3 февруари, 2016

Европа бара простор за фрекфенции за супербрзи 5G услуги

Фреквенциите кои им се достапни на телевизиите треба да се поместат за да има простор за 5G мрежата, предлага Европската комисија. Целта на предлогот е да се овозможи подобар интернет пристап во цела Европа и креирање на апликации кои ќе можат да функционираат без оглед на границите.

Дел од апликациите нема да имаат проблем. Но, Комисијата разгледува правила за паметни автономни возила кои се постојано поврзани на интернет, онлајн здравствени услуги или интернет на нештата. За сите овие нови технологии ќе биде потребна подобра координација на радио фрекфенциите. „…28 различни пристапи за управување со радио-фрекфенциите во Европа немаат никаква економска оправданост во Единствен дигитален пазар. Денес излегуваме со првиот предлог за подобра координација на спектарот во Европа. Предлагаме заеднички пристап за користење на фреквенциите од 700Hz за мобилни услуги. Фреквенцијата е најдобро место за широка покриеност и брзина, ќе овозможи квалитетен интернет пристап за Европјаните, дури и во руралните области и пробивање на пат за 5G, следната генерација на комуникациска мрежа“, вели Комисијата.

Комисијата предлага празнење на 700MHz UHF спектарот кој ќе биде оставен на 5G-мрежата. Фрекфенциите под оваа остануваат за телевизиско емитување. Промените треба да се направат пред 2020 година, со што законската рамка и етерот ќе бидат подготвени за 5G.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top