Високите телефонски сметки предизвикани од роаминг во Европа ќе бидат минато по две години. Европската унија објави дека роамингот во Европа завршува во 2017 година, а транзициониот период официјално започнува од април 2016-та. Во рамките на оваа телекомуникациска реформа, и балканските земји се здружија да го намалат роамингот. Но, за разлика од Европа на Балканот нема најава дека ќе се укине роамингот.
Во периодот по април 2016-та телеком операторите во Европа на сметките на корисниците ќе смаат да додадат најмногу 0,05 евра за секоја минута разговор, 0,02 евра за испратена SMS порака и 0,05 евра за секој искористен мегабајт. Дури и во овој период цената на роамингот ќе биде пониска 75 отсто. Проектот за укинување на раминг во Европа трае од 2007 година и конечни 10 години подоцна ќе биде реализиран, а операторите ќе имаат доволно време да се подготват.
„Европјаните бараа и чекаа крај на роамингот како и нови правила за интернет неутралноста. Барањата беа слушнати. Имаме уште многу работа до креирање на единствен дигитален пазар. Нашите планови да го обезбедиме ова се прифатени од пефовите на државите и владите минатата недела, и забрзано ќе работиме нивно остварување“, велат од Европската комисија.
Европската унија за жал не ја потврди определбата за интернет неутралност, иако во предлог текстот се вели: „Сите корисници ќе имаат слободен интернет пристап ди содржини по нивен избор, кои нема да бидат блокирани и забавени, ниту ќе биде дозволен интернет сообраќај со поголем приоритет. Па малите и големите компании ќе можат да се натпреваруваат на ист пазар. Комисијата најави специјализирани услуги и сервиси“.
Но токму во дефинирањето на отврениот интернет Ars Technica го лоцира најголемиот проблем, поточно најавата на специјализирани иновативни сервиси кои ќе функционираат на истата мрежа кој нема да смеат да го загрозат отворениот интернет пристап.
Комисијата вели дека нема да има простор за забавување на сајтовите и сервисите на стартапите, но и никој не може да плати за побрз трансфер на „отворениот интернет“. Специјализираните сервиси (како пример се користи интернет телевизија) не се ограничени со ова, доколку се разбира не ги загрозат основните правила. Телевизиските гиганти кои ќе спаѓаат во категоријата спцијализирани услуги ќе можат да посегнат во длабоките џебови и да го приоретизираат својот сообраќај. Токму ова е нарушување на основното правило за интернет неутралност – секој интернет сообраќај мора да биде третиран подеднакво.
[…] неутралноста. Ова е проблем во Европа, бидејќи новиот закон предвидува приоритет за некои […]