Талентираните македонски информатичари се подготвуваат за меѓународните олимпијади по информатика

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Летото официјално започна пред десетина дена, и најголем број од нас веќе имаат планови. Додека некои одбраа да се одмараат на плажа, група талентирани ученици одморот ќе го поминe во подготовки за претстојните интернационални олимпијади по информатика.

Групата од 12 ученици кои веќе имаат освоено повеќе медали, меѓу кои и златен медал на Европската јуниорска олимпијада по информатика, ќе помине дел од својот одмор во подготовки за претстојните меѓународни натпревари. Учениците ќе се подготвуваат под менторство на професор д-р Миле Јованов, претседателот на Здружението на информатичари на Македонија.

Камп за програмирање наместо плажа

Учениците кои на натпреварите по инфроматика ја претставуваат Македонија наместо на плажа се подготвуваат и учат нови вештини. Ова проширување на знаењето е неопходно за да ја претставуваат државата на највисоко ниво. Овие кампови не ги подобруваат единствено нивните технички способности, туку ги мотивираат и да се стремат кон уште поголеми успеси.

Годинава подготвителниот камп ќе започне на 1 јули во Хотел Магнолија на Пониква, Кочани. На него ќе присуствуваат 12-те најдобри ученици, кои ќе нѐ претставуваат на претстојните меѓународни олимпијади по информатика, како и нивните ментори и професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, на чело со претседателот на Здружение на информатичари на Македонија, проф. д-р Миле Јованов.

Една од организациите која има огромен придонес за развојот и успехот на овие ученици е „Бистри умови“. Организацијата е основана од родители чии син три години ја претставува Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. Основачите на „Бистри умови“ одлучија да создадат платформа која ќе им помага на талентираните ученици и млади од целата земја.

Во текот на првата година од своето постоење, успеаја да организираат бесплатен летен камп во Кочани во соработка со Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ). Кампот ги собра најдобрите ученици и ментори од ФИНКИ и ги подготви младите таленти за претстојните меѓународни натпревари.

„Бистри умови“ ја продолжува помошта за младите таленти

Кампот кој го организираа минатата година доби огромна поддршка од општината и од многу јавни личности. За оваа година, на свеченото отворање, покана е испратена и до претседателката на Р. М. Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицковски и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„За една година од нашето постоење, Бистри умови успеа да реализира бројни активности и проекти, меѓу кои се летниот подготвителен камп, финансиска помош за патни трошоци за меѓународните натпревари, бесплатни шестмесечни курсеви по математика и информатика за ученици од цела Македонија на кои присуствуваа над 400 ученици, помош при организирање на Јуниорската балканска олимпијада по информатика во Струмица и многу други активности“ – истакнува Анита Атанасова-Грчев од Бистри умови.

Бесплатни курсеви и продолжување на соработката со ЗИМ се планираат и за иднина, а најавена е и соработка со други здруженија од земјата и странство.

„Еден од најзначајните фактори за успехот на младите информатичари е менторството од искусни и посветени професори. Проф. д-р Миле Јованов, претседателот на Здружението на информатичари на Македонија, игра клучна улога во подготовката на учениците. Неговото долгогодишно искуство и длабоко знаење во полето на информатиката им овозможуваат на учениците да го достигнат својот максимум и да се подготват за највисоките меѓународни натпревари.

Менторството не се состои само од предавања и тренинзи, туку и од мотивација, поддршка и совети кои им помагаат на учениците да се справат со предизвиците и да го реализираат својот потенцијал. Проф. Јованов е пример за тоа како посветеноста и стручноста на еден ментор може да направи разлика во животите на младите таленти и да им помогне да постигнат извонредни успеси.“, велат од Бистри умови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments