Добијте порака кога некој ќе се логира на вашиот Facebook профил
На Facebook постои опција да добивате имејл порака секогаш кога некој ќе се логира на вашиот профил преку нов уред.
На Facebook постои опција да добивате имејл порака секогаш кога некој ќе се логира на вашиот профил преку нов уред.
Скоро 200 години се поминати од денот кога Томас Џеферсон, еден од татковците на САД, во своето писмо до Ајзак Мекферсон ќе напише: „Оној кој добива идеја од мене, добива упатство без да ме осиромаши, исто како што оној кој од мојата ламба ќе го запали својот оган, добива светлина без да ме затемни мене“.
Zero Science Lab e македонска лабораторија за истражување и развој на ИТ безбедноста. Лабораторијата од денеска стартува со нов 2.0 дизајн и е отворена за соработка за пронаоѓање на софверски ранливости и подобрување на безбедноста.
„Дали сте размислувале дека секој може на Интернет да објави или да монтира дискредитирачка видеоснимка, текст или аудио и со тоа засекогаш да ви ги уништи угледот и кариерата?“ вака започнува текстот на Нова Македонија која користејќи го 9 фебруари како ден за онлајн безбедноста пишува за тоа како луѓето се плашат од интернетот.
Денеска ни беше доставена листа од 18.000 имејл адреси и лозинки на Facebook корисници, од кои според адресите и лозинките, можеше да се заклучи дека голем дел се од Македонија. Преку податоците сајбер криминалците зад овој вид на измама наречен "phishing" (вид на сајбер измама преку која криминалците доаѓаат до личните податоци на корисници, најчесто лажирајќи го својот идентитет преку имитирање на кредибилни апликации, сајтови, и-мејл пораки..), е дојдено преку лажната апликација на Facebook наречена News Feed.
Сајбер-војна или обично препукување? На почетокот на овој месец се појавија два инциденти кои вклучуваат хакерски упади и претседателски сајтови. Прво беше хакнат сајтот на македонскиот претседател Бранко Црвенковски oд хакерската група Kosova Hackers Group (KHG). Taa вест се појави на националните медиуми со извичник на крај на насловот. Извичникот значи нешто сериозно, како на пример, упад на претседателски сајт, сајт на највлијателниот човек во една земја. Евентуално пораката на KHG оставена на сајтот на македонскиот претседател беше тргната. Но проблемот со безбедноста на важни сајтови застана тукa.
Вирусот кој за еден месец зарази околу 10.000 компјутери не се појави на 1 Април како што очекуваа безбедносните експерти кои претходно открија код дека на тој датум вирусот ќе се надогради сам и повторно ќе нападне. Измина 1 Април и Conficker не се појави. Сé до овој викенд кога вирусот зарази 700 компјутери на кампусот на Универзитетот на Јута, САД вклучувајќи ги и тие на трите универзитетски болници.
Бидејќи веќе има едно објаснување што точно претставува IDS (Intrusion Detection System), разните видови IDS и за што служат, ќе започнеме со инсталација и конфигурација на еден таков систем за детекција на наметнувања. За оваа пригода го избрав најпознатиот и највеќе распространетиот IDS систем во светот -Snort.