Сите пораки од различни платформи на едно место со Silentale
Silentale е веб сервис кој ги архивира сите ваши контакти и пораки од Facebook, Twitter, LinkedIn, Gmail, Yahoo, Hotmail...
Silentale е веб сервис кој ги архивира сите ваши контакти и пораки од Facebook, Twitter, LinkedIn, Gmail, Yahoo, Hotmail...
На f8 конференцијата за девелопери се најавија доста промени на Facebook, од гасење на Facebook Connect и претставување на кредитите и нови правила за приватност, до претставување на Community Pages и Open Graph протоколот...
MeeGo е мобилен оперативен систем базиран на Linux, и овој слободен софтвер прв пат беше најавен на Светскиот конгрес за мобилна технологија 2010 како заеднички проект составен од мобилните ОС Moblin на Intel и Maemo на Nokia.
Еден ден пред Chirp конференцијата за девелоперите, Twitter ja престави својата платформа за рекламирање. Promoted Tweets ќе прикажува твитови-реклами кои ќе се појавуваат во резултатите од пребарувањето.
Денеска на Машинскиот факултет се одржа „Информативна средба: Интернет трговија - предности и можности“, настан на кој TC.mk и НЛБ Тутунска Банка ги преставија своите системски решенија и платформи за е-трговија.
Борис Кузманов и фондацијата Метаморфозис го претставувија Wordpress плагинот (plugin) со кој ќе имате можност да додадете копче за пријавување на напис на македонскиот агрегатор за вести Ping.mk. Плагинот е развиен од страна на Борис Кузманов, кој најави дека следната верзија ќе ја има можноста и за интегрирање на копче кое овозможува гласање на написот.
<Надополнето 12.04.11>Nokia го затвори Symbian, го стави под рестриктивна лиценци дозволувајќи го изворниот код само на одредени и одобрени партнери. </надополнување> „Иднината на мобилните е отворена, а со тоа и кодот.“ е мотото на Symbian фондацијата која најави дека Symbian платформата сега е слободен софтвер. Symbian е еден од најпопуларните оперативни системи за мобилни телефони со околу 330 милиони уреди продадени ширум светот.
Соочена со 90 студенти во училница, атмосфера која е тешко за секој професор да ги вклучи сите студенти да придонесат во наставата, професорката Моника Ранкин од Универзитетот на Тексас во Далас, САД, се одлучи со технологија да го привлече вниманието на студентите. Професорката по историја знаејќи дека не секој студент има лаптоп, но повеќе од нив имаат мобилен, се решила да го искористи Twitter како платформа, иако и таа самата била почетник во микро-блогинг друштвената мрежа. „Повеќето предавачи ќе се согласат дека големите класови во училници налик на аудиториуми/слушални ги ограничуваат опциите за професорите само на предавање, предавања и уште предавање. Повеќето предавачи ќе се согласат дека ова не е ефективен начин за предавање. Јас сакав да најдам начин да влесам повеќе студентско ориентирани техники за предавања и да ги вклучам студентите во наставата" пишува г-ѓа. Ранкин.