ИТ.мк: Ќе се дигитализира образованието
На последната седница Владaта ја прифати Националната стратегија за развој на електронски содржини во образованието, соопшти ИТ министерот Иво Ивановски. Со ова стартува дигитализација на образованието.
На последната седница Владaта ја прифати Националната стратегија за развој на електронски содржини во образованието, соопшти ИТ министерот Иво Ивановски. Со ова стартува дигитализација на образованието.
Образовниот портал Skoool.mk нуди едукативен и интерактивен материјал за ученици од прво до деветто одделение, а има и содржина за средношколци.
Секое домаќинство мора да има широкопојасен интернет по пристојна цена до 2013 година, со конечна цел 100% од европските домаќинства да имаат брз интернет до 2020 година и да бидат едуцирани да се вклучи во дигиталното општество, пишува во резолуцијата за развој на 2015.еu дигиталната агенда. Освен интернет дома, ЕУ сака 75% од мобилните телефони да имаат 3G интернет до 2015 година.
Наместо да предаваме во училница и да трошиме и печатиме книги би можеле да правиме и HD едукација, значи да направиме телевизиска едукација на голем број корисници, повеќе отколку што собира едно училиште. Вака размислува 9-годишниот Марко Чаласан кој неодамна стана најмладиот Мicrosoft систем администратор во светот.
<Надополнето>Стартуван е browserchoice.eu веб сајтот кој Microsoft ќе им го понуди на корисниците за да си изберат прелистувач. <надополнување> Европската Комисија ја повлече тужбата за монопол и се согласи на решението на Microsoft да понуди екран за избор на прелистувачи. Овојпат Microsoft се извлече од казни, за разлика од минатото кога вкупно плати 1.8 милијарди […]
Е-uciliste.com е модерно решение за подобро образование, проект на Влатко Бутлески, наставник по стручни предмети во во средното електро-машинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Со помош на своите поранешни и сегашни ученици, г-дин. Бутлески одржува веб сајт на кој учениците можат да најдат наставни материјали, туторијали, разни помошни информации и да решаваат тестови […]
Соочена со 90 студенти во училница, атмосфера која е тешко за секој професор да ги вклучи сите студенти да придонесат во наставата, професорката Моника Ранкин од Универзитетот на Тексас во Далас, САД, се одлучи со технологија да го привлече вниманието на студентите. Професорката по историја знаејќи дека не секој студент има лаптоп, но повеќе од нив имаат мобилен, се решила да го искористи Twitter како платформа, иако и таа самата била почетник во микро-блогинг друштвената мрежа. „Повеќето предавачи ќе се согласат дека големите класови во училници налик на аудиториуми/слушални ги ограничуваат опциите за професорите само на предавање, предавања и уште предавање. Повеќето предавачи ќе се согласат дека ова не е ефективен начин за предавање. Јас сакав да најдам начин да влесам повеќе студентско ориентирани техники за предавања и да ги вклучам студентите во наставата" пишува г-ѓа. Ранкин.