1
Старата Nokia 1100 е криминална алатка која сега вреди илјадници евра
Nokia 1100 е обичен телефон произведен на крајот на 2003-та година и ги има основните функции на еден обичен телефон. Цената му е приближно 1000-2000 ден. Но во последно време овој телефон стана доста популарен и сега вреди многу. На нашиве онлајн .mk продавници овој телефон се продава за суми од 500 се до 8.000 евра, додека на интернет неговата цена достигнува и до 32.000 евра за модел произведен во Бохум, Германија.