40 коментари 1 мин. читање

Старата Nokia 1100 е криминална алатка која сега вреди илјадници евра

Овој Nokiа 1100 RH-18 телефон веќе не се произведува, а вредноста ја доби поради сомнение дека овој RH-18 модел на телефон има баг што откако ќе се хакне со телефонот ќе може да се злоупотребуваат банкарски сметки.

Како функционира? Пример, во Холандија и Германија, онлајн банкарските сметки праќаат SMS со таканаречениот mTAN код за верификација на идентитетот. Сајбер криминaлецот со Nokia 1100 ќе може да ја искористи слабоста на софтверот за прием на повици од кој било број и со тоа да добие комплетен пристап во банкарската сметка.

Како резултат на ова се појавија огромните понуди за овој телефон. Покрај софтверскиот проблем, за кој Nokia вели дека е поправен, се откри дека некои верзии на моделот 1100, исто така произведени во Бохум, имаат слабост со која се оневозможува прислушувањето на корисникот.

Како такви, овие модели се употребуваат од големи криминални групи или терористички групи, кои беа во можност да платат цена од 25.0000 до 35.000 долари.

Во Македонија цената на Nokia 1100 се движи од 500 до 8.000 евра.

(Ова е гостински текст на Supporter)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

40 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top