Windows Phone 7 и LG Optimus 7 пристигнаа во Македонија
LG Electronics го претстави Optimus 7, првиот телефон во Македонија кој работи на тазе објавената и комплетно редизајнираната Windows Phone 7 платформа.
LG Electronics го претстави Optimus 7, првиот телефон во Македонија кој работи на тазе објавената и комплетно редизајнираната Windows Phone 7 платформа.
Facebook најави неколку мобилни новини, како логирање со еден клик на апликации и воведување на Facebook Deals, кои се интегрирани понуди на локалните бизниси преку сервисот за локација Places.
Oracle ја купи софтверската компанија за е-бизнис ATG за 1 милијарда долари. „Комбинацијата [ATG и Oracle] ќе ја подобри можноста да ја споиме целата активност околу трговијата - креирајќи попостојан и порелевантно искуство за нивните клиенти преку сите канали за интеракција, вклучувајќи онлајн, во продавници, преку мобилни уреди и преку центри за повици.“ вели Боб Бурк, директорот на ATG.
Microsoft официјално ја претстави својата нова мобилна платформа Windows Phone 7. Microsoft комплетно ја редизајнираше својата нова платформа со цел да конкурира на iPhone, BlackBerry и Android паметните телефони.
Techcrunch објави дека друштвената мрежа прави свој софтвер за мобилни телефони. ИТ блогот се повикува на анонимни извори велејќи дека мрежата ќе го следи примерот на Apple, односно ќе направи свој софтвер, а некоја друг производител ќе го направи хардверскиот дел од телефонот.
По одобрувањето од американската Федерална комисија за трговија, сега е официјално - Google се вклучи во мобилното рекламирање со купување на AdMob платформата за 750 милиони долари. Google вели дека мобилниот маркетинг зазема се поголем дел од стратегиите на нивните партнери и клиенти, па така таа станува централен дел од нивниот бизнис.