LinkedIn додаде персонализирани плагини и Share копче
Бизнис друштвената мрежа LinkedIn ja претстави новата платформа која има поддршка за OAuth 2.0 и Javascript API, како и пристап до разни плагини кои можат да се персонализираат.
Бизнис друштвената мрежа LinkedIn ja претстави новата платформа која има поддршка за OAuth 2.0 и Javascript API, како и пристап до разни плагини кои можат да се персонализираат.
LinkedIn, бизнис мрежа креирана пред 8 години, сега има повеќе од 100 милиони корисници, а овој иконографик покажува кои се тие и каква е нивната интеракција.
100 милиони професионалци ширум светот. Вака друштвената мрежа за бизнис LinkedIn го објави своето достигнување додавајќи дека скоро секоја недела се отвараат околу еден милион нови профили.
LinkedIn Today е нова алатка на бизнис мрежата која ви доставува вести, блог постови и други информации кои се најпопуларни меѓу бизнис луѓето кои ги следите и кого тие следат.
На LinkedIn најбројни се корисниците кои се меѓу 34 до 54 години, а најмногу се од финансиската индустрија и од индустријата на висока технологија, според инфографикот на Gigya. Најбројни се компаниите кои имаат до 1.000 вработени.
Доколку ја користите професионална друштвена мрежа Linkedin, оваа вест ќе ви биде интересна. Компанијата објави алатка, наречена InMaps, со која ќе можете да ги визуелизирате вашите бизнис контакти и да добиете презентација на вашиот професионален свет.
Како изгледа светот според друштвените мрежи? Еве едно навестување: ако е нација, Facebook со над 500 милиони корисници ќе биде на трето место, само под огромните Индија и Кина.
Имате веб сајт и имате мејл. Па што? Присуството на интернет не е ништо споредено со интерактивноста и комуникацијата со потенцијалните клиенти преку друштвените мрежи и споделувањето информации.
LinkedIn им даде на брендовите нови опции за да се промовираат себе си и своите продукти. Брендовите сега ќе можат да додаваат препораки за продукти и сервиси, да си ги излистаат продуктите, за закачат мултимедија за продуктите и има модул за мрежа од препораки. Компаниите кои ќе дозволат рецензија на нивен продукт, ќе можат да додадат во своите реклами на мрежата дека се препорачани од корисник.
Друштвената мрежа за бизнис професионалци и споделување контакти објави дека сега има над 10 милиони корисници, што, според XING, е најголемиот раст на компанијата во последните 15 месеци.
Друштвената мрежа за бизнис контакти LinkedIn објави неколку новости за компаниските профили. Овие профили првпат беа објавени во април и овозможија компаниите да имаат свој сопствен профил со можност корисниците да ги следат информациите од таа компании. Сега по успешниот старт - се креираа 1 милион компаниски профили - LinkedIn воведува неколку нови опции.
Магазинот Time објави листа од 50 најдобри веб сајтови, во која нема рангирање, туку сајтовите се подредени низ неколку категории. Можеби листата е малку ориентирана кон САД посебно категоријата за спорт, сепак Time е американски магазин. Но... и покрој тоа листата е одлична од аспект да се видат модерните веб страни, содржината и услугите кои тие ги нудат, како и нивното се поголемо влијание ширум светот, како на пример TED.com и Wikileaks.com кои се најдоа меѓу најдобрите во категоријата за најдобри сајтови за вести.
Корисниците на Мicrosoft клиентот за имејл - Outlook сега можат да гледаат Facebook постови и слики од своите контакти. Покрај Facebook, додадени се и MySpace и Windows Live месинџерот, а од претходно беше достапен и LinkedIn со што се добива добра листа на друштвени мрежи преку кои можете да ги следите најновите информации од вашите контакти.
SlideShare, популарниот сервис за објавување презентации, документи и .pdf на веб, воведува опција за закачување на професионални видеа. Пости 500 MB лимит на закачување и можат да се закачат до 5 видеа месечно.
LinkedIn друштвената мрежа за бизнис контакти, објави нови понапреднати опции за споделување информации од друштвените мрежи, весниците, сајтовите... на LinkedIn и обратно.
Друштвените мрежи сами по себе се феномен, уште во раните почетоци преку mIRC до сегашните гиганти со 170 милиони корисници (Facebook). Вистинското искуство со интернетот е да се знае кои сервиси да се користат за да се стигне до тоа што не интересира. Така можеби не ви одговара начинот на Facebook, можеби сте повеќе заинтересирани за професионална друштвена мрежа преку која се прават контакти, или пак сакате кратки и брзи разговори? Подолу ќе најдете неколку друштвени мрежи и се надевам ќе ја најдете таа што највеќе ви се допаѓа и ќе го искористите своето онлајн време уште поквалитетно.