0 коментари 1 мин. читање 1 октомври, 2010

Европската друштвена мрежа за бизнис XING сега има над 10 мил. членови

Најголемиот процент на корисници од XING доаѓа од Германија каде се и базирани, има скоро 4.2 милиони германски корисници. Но мрежата забележува и раст во Турција, можеби поради турските емигранти во Германија од каде има 1 милион корисници, односно Шпанија каде има 1.5 милиони корисници.

Предноста на мрежата е секако тоа што е европски ориентирана, и што се рекламираат како единствена друштвена мрежа со SSL енкрипција. Но XING има сериозен конкурент кај Viadeo, уште една европска бизнис мрежа која има над 30 милиони корисници, но и мрежа со голем број на корисници и од Азија.

Секако тука како конкурент треба да се спомене и LinkedIn, најпопуларната друштвена мрежа за бизнис која моментално има над 75 милиони корисници.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top