Сега e време за агрегатор на групните попусти
Во Македонија во рок од 4 месеци се појавија околу 6 сајтови за групно купување. Ги има Grouper, Kolektiva, Грабни попуст, Купуваме.мк и новите ВоСкопје.com и Gaga.mk.
Во Македонија во рок од 4 месеци се појавија околу 6 сајтови за групно купување. Ги има Grouper, Kolektiva, Грабни попуст, Купуваме.мк и новите ВоСкопје.com и Gaga.mk.
LinkedIn, бизнис мрежа креирана пред 8 години, сега има повеќе од 100 милиони корисници, а овој иконографик покажува кои се тие и каква е нивната интеракција.
PostPost е агрегатор на вести за социјалната генерација кој ви ги прикажува статиите, видеата и сликите кои вашите пријатели ги нашле доволно интересни за да ги постираат на друштвените мрежи.
Bing е првиот пребарувач кој како резултат дава и Facebook постови и линкови, кои на друштвената мрежа се означени за споделување со „секого“ (everybody). Facebook линковите ќе се појават заедно со Twitter постовите на bing.com/social.
Time.mk сервисот од стартувањето во февруари 2009 година со 57.000 посети месечно во 1 јуни 2010 година забележува петнаесет пати поголем раст, станувајќи сервис со над 800.000 посети во мај. Или 27.000 посети на ден. Ова се официјалните бројки кои македонскиот агрегатор на вести ги објави по повод двегодишнината од сервисот.
Ping.mk е нов сервис за споделување, читање и дискутирање вести. Сервисот работи како агрегатор за вести, но тоа што е важно е што корисниците се тие кои ја одбираат содржината. Може да се каже и дека е некој вид друштвена мрежа. Корисникот може да коментира за вестите и да гласа за нив со што ќе ги искачи нагоре на листата. Најкоментираните, најконтроверзните, најгласаните вести се појавуваат на посебни листи, секако според гласовите на корисниците. Со тоа самите читатели одредуваат кои вести се важни за нив!
Со FriendFeed, Facebook може да стане Google зa друштвените мрежи. Пребарувањето во реално време денеска е доста интересна алатка посебно ако се земе во обзир дека на Facebook има 250 милиони корисниците секој со по најмалку 100 пријатели, кои секојдневно се на мрежата и кои секојдневно постираат.