0 коментари 1 мин. читање 15 август, 2011

Apple го претстави својот нов вселенски кампус

Највредната ИТ компанија во светот, Apple, претстави нови фотографии со висока резолуција од планираниот кампус кој треба да биде готов во 2015 година. Кампусот ќе има футуристички изглед, поточно ќе биде како летачка чинија, и ќе се наоѓа на неколку минути од сегашните главни канцеларии на Apple во градот Купертино.

Кампусот, кој сега го носи името Apple Campus 2, се планира да биде изграден на простор од 260.128 метри квадратни, да има истражувачки капацитети од 27.870 метри квадратни, аудиториум со 1.000 седишта, подземен паркинг од неколку нивоа внатре во кружната градба, како и надворешен паркинг од четири ката. Интересно е тоа што оваа градба ќе се напојува со сопствена струја, а главната градска струја ќе се користи само во итни случаеви.

Во прилог ги имате новите фотографии од Apple Campus 2, градба која изгледа како да е дизајнирана од Жак Фреско за неговиот Venus Project.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top