T-Mobile влезе во партнерство со Evernote; првите шест месеци се бесплатни за Premium корисниците

во ИТ.МК, Совети

Deutsche Telekom најави партнерство со апликацијата за фаќање белешки Evernote на 12 пазари во Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Иако Evernote е бесплатна за iOS, Android и десктоп, со партнерството се промовира Premium услугата на сервисот која чини пет долари месечно. Но, корисниците на T-Mobile Македонија кои ќе ја симнат апликацијата до октомври 2014-та година ќе добијат шест месеци бесплатен пристап до Premium услугата која нуди неколку предности како офлајн фаќање на белешки; споделување на белешките со пријателите; поголема безбедност и 1 GB лимит за закачување на фајлови, или 100 MB по белешка.

Evernote ќе биде и преинсталиран на сите нови телефонски уреди кои ќе ги продава T-Mobile, но ќе биде верзијата на англиски јазик, во моментот нема локална. Покрај Македонија, Evernote, кој има 16 милиони корисници во Европа, или вкупно 75 милиони ширум светот, ќе биде промовиран и во соседните Албанија, Хрватска и Црна Гора, покрај други земји. Целта на сервисот е да го зголеми бројот на корисници со влез во 12 нови пазари кои имаат потенцијални 50 милиони нови клиенти за сервисот. За Deutsche Telekom соработката ќе им даде предност пред конкурентите во нудење на уникатни и популарни услуги.

[youtube]Pjn6YkCY2yA[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments