0 коментари 2 мин. читање 21 јануари, 2014

И Финска ги одби биткоините, тие „не се пари“ по дефиниција

Иако првата автоматска машина за издавање на биткони е инсталирана во музичка продавница во Хелсинки, сепак Финската централна банка вели дека дигиталната валута биткоин не се пари, ниту пак можат да се користат за електронско плаќање, пренесува Bloomberg. За Финска, биткоините се „добра“.

„Според дефиницијата за официјална валута, како што е според законот, тие не се тоа. Ниту пак се инструмент за плаќање, бидејќи законот вели дека плаќањето мора да има корисник кој е одговорен за операцијата“, вели Паеви Хеикенен од Банката на Финска.

Финска се приклучува на своите соседи Норвешка, и на Германија и Европската Унија, во официјалниот став дека дигиталната валута не треба да се користи како замена за пари, ниту пак е доволно безбедна за да се верува на трансакциите. Сепак, Финците ќе можат легално да ги користат биткоините за трансакциим, но за сите добивки од променливите биткоини ќе мора да се плати данок. Данок ќе се плаќа и на ископаните биткоини. Биткоините во моментов чинат 820 долари.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top