Спонзориран текст

Symphony Personas in Tech: Гордана Андоновска

Спонзорирано од Symphony Solutions

во Интервјуа, ИТ Кариера, Спонзорирани

Symphony Solutions се гордее што работи со фантастични луѓе кои нé инспирираат секојдневно со нивните лични вредности,  работлива природа и проактивно живеење. Овој пат разговаравме со Гордана Андоновска, Service Delivery Manager во Symphony Solutions Македонија која ни раскажа за нејзината работа овде како и за нејзините проекти кои имаат општествен придонес, па дури и за специјалното образование. Гордана исто така кажа и збор-два околу тоа како да се живее поисполнет и посодржаен живот.

Гордана, во Symphony Solutions работите повеќе од 6 месеци. Што ви се допадна овде што ве натера да станете дел од тимот?

Ги следам Symphony Solutions веќе две години и токму нивната транспарентност, јасните пораки, текстовите, присуството на компанијата на повеќе пазари, оригиналниот амбиент, филозофијата дека кодирањето може да прерасне во симфонија, сето ова ми се допадна.

Во што најмногу уживаш додека работиш во Symphony Solutions?

Во поддршката, фокусот на подобрување на процесите, добриот однос кон вработените и препознавањето на резултатите, имплементацијата на концептот Anywhere бидејќи имам претходно искуство во управување на интернационални тимови со работа од далечина.

Веројатно сте веќе запознаена со основните вредности на Symphony Solutions. Кои од овие вредности ви се важни? Како ги доживувате?

Сите вредности ја одразуваат мојата лична филозофија и работна етика. Веројатно најмногу од сé би ги издвоила иницијатива и инспирација. Прво, затоа што овие две бараат повеќе енергија што сум подготвена да ја дадам. Второ, затоа што ме држат надвор од мојата комфорна зона. И трето, затоа што овие две вредности бараат не само одговорност кон себе поради целите што сте ги поставиле, туку и поради мотивацијата што ги тера сите да дадат сé од себе и континуирано да се чувствуваат добро.

Вашата позиција е Service Delivery Manager во Symphony Solutions. Кажете ни повеќе за вашите обврски. Кој дел од работата најмногу го сакате? Што ви е предизвик?

Јас работам на augmentation проекти, каде што брзиот одговор е клучен за потребите на клиентите за специфични профили во нивните постоечки тимови. Предизвикот се состои од добра организација од самиот почеток со секој тим што е вклучен  во идентификацијата на најдобрите кандидати според барањата на клиентите, брза адаптација (агилност) на промените кои се случуваат од двете страни, позитивна и проактивна реакција за запазување на роковите и нивото на соработка.  

Кои се вашите совети за добра соработка со клиент? Што е најважно?

  • Секогаш стреми се да направиш повеќе од очекувањата на клиентот
  • Јасно дефиниран опсег на работа
  • Бидете транспарентни, доследни и проактивни

Имате 19+ години искуство во Service Delivery, Project Management, Team Leadership, People Management, и Business Client Relationship. Тоа е доста голем список! Како почнавте? Зошто ја избравте оваа професија?

Ја започнав мојата кариера како проект менаџер со повеќе иновативни, меѓународни продукти кои ми помогнаа да стекнам искуство во целиот маркетинг микс, производство, продажба и грижа за клиентите. Имав можност да стекнам, но и да го споделам моето искуство на многу меѓународни конференции, вебинари и обуки каде што ги имав двете улоги. Потоа се префрлив на service delivery каде што менаџирање на тимот е еден од најважните средства за постигнување одлични резултати. Би рекла дека оваа професија ме избра мене. Уште во средно училиште бев организатор на сериозни иницијативи и бев вклучена во училишната комисија каде што ги застапував потребите на учениците. Со други зборови, умеам да се справам со луѓето. На почетокот на првата година од моите студии по економија, сакав да се фокусирам на макроекономијата, но по првиот час по менаџмент знаев дека ова е за мене и оттогаш мојот фокус е на бизнисот и претприемништвото.

Кој совет би си го дале кога би ја започнувале кариерата?

Секогаш завршувајте ја вашата работа, навремено со апсолутна транспарентност, така што секој може да учи и расте паралелно. Постојаната добро свршена работа и довербата придонесуваат за успешна соработка и односи со клиенти и може да ве направи најдобриот партнер за клиентот.

Како што знаеме, вие сте личноста која постојано работи на својот развој (сертификации, образовни програми итн.). Што ве мотивира?

Личниот развој е една од нашите најдлабоки човечки потреби. Кога сме посветени континуирано учење со цел да бидеме подобри, не стагнираме и не сме заробени од нашите ограничени верувања. Ми се чини дека стекнувањето нови вештини е неизбежно за успех. Се мотивирам кога ќе успеам да го претворам учењето во пракса од која сите имаат придобивка. Со работа се стигнува до награди а не со зборови.

Вие бевте основач на компанијата In Optimum која има врска со образованието, па дури и со помагање на луѓето со потешкотии при читање и учење (дислексија). Раскажете ни повеќе за бизнисот. Како се роди идејата?

Отсекогаш сум сакала денот да трае 25 часа за да можам да бидам поефективна, да развијам паметен пристап кој ќе ми овозможи лесно да напредувам лично и професионално. Читањето отсекогаш ми било страст, па научив и се сертифицирав како тренер за брзо читање и напредни техники за учење пред да ја проширам мојата експертиза во областа на дислексијата. Бизнис идејата произлезе од фактот што немаше такво нешто во Македонија, а оригиналните идеи отсекогаш ми биле предизвик. Дополнително, ова беше можност да применам голем дел од моето стекнато искуство во маркетинг, продажба и промоција, и како обучувач во многу компании. Изградив училиште за обука на тренери и имав повеќе од 3.000 ученици. Од друга страна, тоа беше, и сé уште е мојот начин на придонес во општеството, помагајќи им на децата и на возрасните луѓе кои се соочуваат со потешкотии како што е дислексијата, помагајќи им да ги зајакнат своите когнитивни способности. Преку овој дополнителен ангажман, постигнувам енергетски баланс и тоа буди особена радост во мене.

Зборувате многу јазици: англиски, германски, српски, бугарски. Вистински полиглот! Дали ова е ваше хоби или повеќе е професионална потреба?

Верувам дека личноста која зборува повеќе јазици е успешна личност. За мене тоа е комуникациска и читачка слобода. Научив некои од јазиците затоа што морав, но искрено уживам во учењето јазици и знам дека ќе научам и други.

Кое е вашето хоби? Како одржувате баланс помеѓу работата и личниот живот?

Како личност која е особено свесна за важноста на балансот во животот, отсекогаш сум била вклучена во дополнителни активности, како танцување и свирење инструменти. Го сакам театарот, читам, пишувам и патувам на нови дестинации. За време на пандемијата почнав да вежбам јога, да шетам во природа, и да возам велосипед. Со оглед дека сум се соочила со ефектот на прегорување неколку пати, можам да кажам дека честиот престој во природа, посветувањето време за себе, ограничувањето на времето поминато на мојот лаптоп, ефективно управување со времето, способноста да се фокусирам на задачите во најважните временски интервали во текот на денот, а не само во рамки на стандардното работно време, честото и доволно спиење, се прилагодувањата кои ми помагаат паметно да се справам со професионалните и личните предизвици. Чувството на среќа од еден продуктивен ден со различни активности на овој начин е неизбежно и благодарно. Не верувам во разочарување бидејќи верувам дека со вистинскиот фокус, енергија и време може да се најде решение за секој проблем.

Ако план Б ви е опција, што би станале ако не сте во ИТ?

Социјален претприемач.

Би сакале ли да споделите со нас кое е вашето животно мото или принципи?

Учење со цел. 

Без разлика на вашите предизвици за личен раст, постои начин да ги постигнете вашите цели.  Предизвикајте се да размислувате за поголемо “зошто” и “како”. Не треба да бирате помеѓу работата за која имате страст и која ви носи профит – кога го следите вашиот внатрешен глас, можете да ги имате и двете. Бидете одговорни за вашиот личен план за развој. 

Ако сте суперхерој, каква супер моќ би имале?

Би работела на подигање на свеста за важноста на чистата животна средина, би имплементирала нула отпад, би работела на елиминирање на консумеризмот и враќање на луѓето на нивните суштински потреби ”да се биде” пред “да се има”, “да се создаде” пред “да се троши”, “да се биде благодарен” пред “да се приговори”.

Дали има подкасти, книги или инспиративни пораки во кои ве водат?

Книги: 

  • “Разбуди го џинот во себе” од Тони Робинс
  • “Цели” од Брајан Трејси
  • “12-те златни правила за животот” од Џордан Питерсон

Инспирации: 

  • Ако не можеш, мораш. Ако мораш, можеш.
  • Знаењето не е доволно. Мора да преземете акција.

Како ја одржувате вашата продуктивност?

  • Подгответе се за следниот ден
  • Завршување на заостанатите задачи или во рок од 24 часа
  • Редовно прибирање информации од релевантните соработници со цел да се испочитува рокот кон клиентите и вработените
  • Веднаш почнете да работите на најдобрите идеи наместо да го чекате вистинското време… и не заборавајте да правите забелешки
  • Избегнувам да работам со потсетници, но редовно ги потсетувам другите како дел од мојот проактивен пристап
  • Почитувајте го туѓото време за да го почитуваат и вашето. Затоа не доцнете на состаноците и доаѓајте подготвени.

Дали дејствувате брзо или по план? Кои се вашите планови за наредните 3 години?

Првично верувам во добар план и во добра подготовка, но добро се снаоѓам и во турбулентни ситуации, кои бараат агилност, свесност за приоритет, донесување одлуки, мобилизирање и подобрување на моите способности, како и способностите на другите. Би рекла дека тоа е една од моите предности. Во однос на моите планови за професионален развој, посветено работам да станам Technical Service Delivery Manager и да напредувам во деливери вертикалата.

Ве покануваме да дознаете повеќе за Симфонијанците! Прочитајте некои од нашите претходни интервјуа за Symphony Personas.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony Solutions. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]