Спонзориран текст

Symphony Digital: Нашите компаниски вредности прават секогаш да сме поврзани и силни заедно

Спонзорирано од Symphony Digital

во ИТ Кариера, Спонзорирани

Humans + Technology

Исполнувајќи ја целосната визија и потенцијал во една од нашите компаниски вредности, Humans + Technology, целиме да инспирираме развој во нашите вработени, кај нашите клиенти и во заедницата. Нашите компаниски вредности ги сметаме како основа за успех. Тие дефинираат како работиме и живееме во Symphony, како соработуваме со нашите колеги, заедници и клиенти, но најважно од сè тие се резултат на нашата внатрешна заедница и култура. Повеќе од 15 години развиваме софтверски решенија за стартапи и глобални лидери во своите индустрии, и од секогаш сме тежнееле да ги следиме нашите основни вредности и начела.

Humans + Technology

Овие начела ги диктираат нашите акции и ја прават нашата внатрешна заедница силна. Тие се продукт произлезен од нашите вработени, и се менуваат паралелно со нив. За таа цел, ние гордо „Градиме креативни и иновативни дигитални искуства од големо значење за сите“.

Flexible > Fixed

Knowledge-sharing е голем дел од нашата компаниска култура. Во изминатите две години, правевме комбинација на дружби во живо во нашиот hub и remote mode кој за нас се покажа доста ефективен. Се фокусиравме на тоа да изградиме силна внатрешна култура и заедница, без разлика на различните технологии со кои работиме и без разлика на тоа дали сме сите заедно или се слушаме од удобноста на нашите домови. Наоѓавме причини за да се собираме, без разлика дали тоа беше некое ново знаење што сакавме да го споделиме, нови модерни трендови, совети кои сакаме да ги споделиме итн.

Flexible > Fixed

Како еден пример, би го земале нашиот Data Science Club, кој е спроведен од нашите Data Science и Machine Learning инжињери, а успеа да ги спои Скопје и Ниш. Држевме менторски сесии, кој некогаш беа 1:1, а друг пат помогнаа во градење на микро заедници каде се споделуваше знаење и се овозможуваше подршка. Започнавме со пишување на Tech Blogs, и сме пресреќни што можеме да споделиме дел од нашата експертиза со пошироката заедница. Одржавме live-coding сесии кои ни отворија врати за многу следни случувања од овој тип. А од идејата постојано да работиме кон сопствен развој, се роди и Skills Up програмата за развивање на меки вештини.

We > I

Нашите вредности се едноставни, но силни во своето значење. Ние веруваме дека градење на култура и заедница во која вработените ќе се чувствуваат подржани да ги споделат своите очекувања и мислења, ќе доведат до успех на подолг рок. Како резултат на тоа, изградивме силни микро IT заедници преку утврдување на нашите компаниски вредности во секоја една иницијатива или активност, без разлика дали online или on-site.

We > I

За нас е од огромна важност да градиме и негуваме заедница на соработка, иновација и одличен тимски дух во секој момент.

Long Term > Short Term

Изминатите две години донесоа многу промени и предизвици во многу компании, особено во IT секторот, па нешто што претходно беше сметано за benefit како работа од дома, прерасна во хибриден модел на работа за многу. Вo Symphony сме целосно хибридни, секој вработен има право да избере каде ќе работи.

„Јас лично практикувам почесто да ја користам канцеларијата, но добар дел од колегите со кои секојдневно соработувам на проекти се remote. Практикуваме чести meet-ови, по неколку во денот каде работиме на проектите, но често знаеме и да водиме и off-topic разговори. Се трудиме и повремено да се најдеме во канцеларија, делумно заради соработка на проект, а делумно и за неформална дружба која секако ја практикуваме и надвор од работните простории на таканаречени small teambuilding активности како LaserHunt, дружба со пиво или викенд средба.“ вели Ратко Додевски, DevOps инжињер во Symphony Digital Skopje.

Long Term > Short Term

Виктор Каревски, еден од нашите Service Delivery Managers во Скопје, вели: „Хибридната работна средина овозможува тимовите да ги организираат и испланираат заедничките активности заедно и заедно да се договорат за виртуелните или on-site средби, додека имаат комплетна контрола врз своето време и подобар work-life баланс. Со ова се постигнува значително подобро тимско искуство со зголемена оперативна ефикасност.“

„Кога си опкружен со прекрасни, професионални и секогаш насмеани колеги многу е лесно да се најде начин како да се задржи тимскиот дух на високо ниво иако моментално во компанијата се работи во хибриден мод. Секојдневните online состаноци ни овозможуваат да бидеме синхронизирани во поглед на работата, но не изостануваат и дружбите во канцеларија кои се трудиме да ги правиме сè почесто.“ – Елена Ќаева, Software
инжињер во Symphony Digital Скопје. „Од мое искуство, хибридниот начин на работа овозможува секој да си го пронајде балансот помеѓу работата и приватниот живот и да си го организира времето и активностите според своите можности и потреби, а притоа да не го наруши и професионалниот ангажман. Win-win! Поврзаноста и комуникацијата со колегите/шките е основна за успешна работа, а хибридниот модел го овозможува токму тоа.“

Excellence = Growth

Од најголемо значење за нас е да веруваме дека сè што правиме секој ден, секој чекор поблиску кон нашите компаниски вредности, придонесува кон квалитетот и силата на нашата внатрешна tech заедница. Се трудиме секоја наша одлука кон добродетот на нашите вработени и нивниот развој да помогне да изградиме подобра заедница за сите.

Excellence = Growth

Заедница која заедно и кохезивно ќе работи кон тоа да биде социјално одговорна и насочена кон тоа да помогне каде може. Го правиме сето ова додека работиме на развивање неверојатен software, поврзани како едно цело.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony Digital. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Senior Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk