Flixle е Wordle, но за телевизиски серии

Во последно време, се повеќе игри го позајмуваат концептот на Wordle за да произлезат со поразлични начини за погодување работи. Па така, доколку не сакате да погодувате македонски зборови, или пак актери, би можеле да пробате да погодувате телевизиски серии.

Flixle е веб сајт кој откако ќе го посетите ќе ви покаже слика, под сликата треба да го напишете името на телевизиската серија, доколку не погодите, ќе ви биде прикажана втората слика, и така се до шестата.

Она што забележавме, како кај горната слика, потребно е да напишете нешто па потоа да изберете од листата која ќе ви се понуди, доколку претиснете ентер веднаш по пишувањето, би можело да се регистрира неточен одговор.

Flixle е интересен веб сајт доколку сакате да си го проверувате вашето знаење за телевизиски серии на дневно ниво, а во случај да сакате нешто повеќе од тоа, никој нема да ве спречи да ги одиграте претходните денови исто така. За тоа, кликнувате на иконата со телевизорот и преку архивата одбирате некој ден.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk