0 коментари 2 мин. читање 4 мај, 2022

Гејминг преку очила со VITURE One XR Glasses

Добредојдовте во иднината, или, барем, така би можеле да помислите кога ќе ги погледнете очилата кои функционираат како екран од 120 инчи! Токму така, се работи за еден вид пренослив монитор во форма на очила кој може да се приклучи на направа, како Steam Deck и да се играат игри, или пак да се користат одделно за стиминг на филмови.

Како што покажува видеото, очилата се приклучуваат со Steam Deck преку само еден кабел, а потоа сликата од екранот на Steam Deck се пренесува на очилата. Но, очилата поддржуваат 5G, како и WiFi конекции за, како што кажавме директен стриминг на различни видео содржини или, пак remote play. Видеото кое ви се пласира директно пред вашите очи е со 1080p резолуција и 60 фрејмови во секунда. Луѓето се чинат одушевени, не само од видеото туку и од звукот.

За пофалба е тоа што имате различни режими и, пример, можете да пуштите филм преку очилата, но филмот да ви се прикажува само во еден агол како би можеле ем да гледате ем да се фокусирате на вистинскиот свет пред вас.

Моментно, VITURE One XR Glasses се проект на Kickstarter, предвиден да започне со испорачки од октомври 2022 година. Како ви делува, би користеле вакво нешто?

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top