Викенд гејминг предлози

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Нов викенд и нови интересни предлози кои би можеле да ги земете во предвид. Во оваа прилика одбравме невообичаена gatcha игра, акциона bullet-hell, или пак twin stick шутер во вестерн опкружување.

Westild’s Law

Westild’s Law е симпатична мала игра од BUG-Studio и Ratalaika Games S.L.. Се работи Twin Stick Shooter каде користите најразлични оружја и алатки за да уништите бројни непријатели. Сево ова, во прекрасна околина инспирирана од вестерн филмовите.


Мапите во Westild’s Law се огромни. Во кој било даден момент, меѓутоа, можете да истражувате само еден мал дел од неа. Откако ќе соберете или елиминирате тоа што се бара во делот, ќе преминете на друг, па на трет. И, така натаму. Битките се од едноставен карактер, дозволувајќи ви да користите најразлични оружја. Некои од оружјата може да се репетираат и полнат со куршуми. Во тие ситуации, ликот со кој играте е исклучително ранлив, принудувајќи ве да внимавате на куршумите и да сте близу некоја препрека додека го полните оружјето.

Одредени, значително помоќни оружја може да се користат само се додека не се потрошат куршумите. Еднаш штом ги потрошите, можете да го фрлите оружјето. Доколку го погодите непријателот, истиот ќе биде привремено зашеметен. Ни се допаѓа брзината и големината на куршумите – оставаат интересен bullet hell впечаток. Во ситуации кога сте опколени од многу непријатели, ќе можете да брзо да пролетувате лево – десно, како и да искористите еден вид ултимативна способност преку која се успорува времето и се подобруваат вашите способности.

Како и мапите, така и мисиите знаат да бидат разнолики, принудувајќи ве да спасувате лица, да штитите одредени работи, да убиете непријатели кои се на воз (а вие на коњ), и случно. Нема ништо комплицирано или премногу долго. Сите од 48-те стази нудат уникатни предизвици, од кои, посебно ни се допаднаа пресметките со босовите. По секоја мисија, ќе можете да искористите дел од спечалените трофеи и пати за да отклучите нови способности и оружја.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: BUG-Studio
  • Издава: Ratalaika Games S.L.
  • Жанр: акција
  • Платформа: PC, конзоли
  • Излезе на: 6 декември 2025

Black Dragon Mage

Black Dragon Mage не е вашиот стандарден Vampire Survivors клон. И тоа е одлична работа. Препознатливата формула се проширува така што ви се дозволува да летате и користите змеј за уште подеструктивно уништување на бранови и бранови од непријатели.


Како што е карактеристично за вакви игри, на секоја мапа почнувате со скромни напади. Како ги уништувате непријателите, така собирате искуствени поени. Со овие поени се зголемува вашиот левел. Со секој нареден левел отклучувате различни способности кои функционираат само за тоа преигрување. Ни се допаѓа креативниот дизајн на активните и пасивните способности, но некако не бевме премногу импресионирани од едноличните мапи кои обично се прошарани со скромни и повторувачки елементи.

Од друга страна, непријателите (и босовите) знаат да изненадат со уникатните способности и да понудат интересно и впечатливо искуство, особено во доцниот дел од играта кога ќе отклучите арсенал од предизвикувачки напади. И, секако, ова….

Прекрасно е да се користи змејот, нудејќи поразлични можности на движење низ мапата и користење способности. Низ ранот, не само што може да се надградува волшебникот со кој играте, туку и бројните оружја. Пријатно не изненади можноста за најразличнии комбинациии и свежината која произлегува со секој непредвидлив ран. Звучните ефекти и музиката знаат често да се повторуваат и, во овој оддел, би ви препрочале да одите со YouTube music, отколку со едноличните траки.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: datablob
  • Издаваdatablob
  • Жанр: акција
  • Платформа: PC
  • Излезе на: 4 декември 2025

Infinity Nikki

Бегај на страна, Genshin Impact, доаѓа нов играч во светот со gatcha игрите. Како петта игра во Nikki серијалот, Infinity Nikki се труди да понуди релаксирачко искуство кое, благодарение на UE5 енџинот, изгледа апсолутно прекрасно.


Во Infinity Nikki имате за задача да истражувате огромен, отворен свет и да користите најразлични способности. Овие способности, меѓутоа, може да се користат само доколку носите одредени костими. Па така, имате еден костим за скокање, еден за лебдење, еден за прочистување на корумпираноста, односно борење со непријателите, и така натаму. За да можете да осмислите и создадете одреден костим, потребно е да собирате одредени ресурси.

Светот не само што е прекрасен, туку и е одлично дизајниран, пружајќи бројни можности за истражување, пронаоѓање скриени богатства и паметно користење на способностите. Infinity Nikki е бесплатна игра, но е gatcha игра. Тоа значи дека доколку навистина се вљубите во играта, потребно е да вложите не само време, туку и пари. За да можете да добиете многу корисни и убави работи потребно е почесто користење на паричникот и имање голема среќа.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Infold Games
  • Издава: Infold Games
  • Жанр: авантура
  • Платформа: PC, конзоли
  • Излезе на: 5 декември 2024, за PS5

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk