Бизнисот и науката ќе работат заедно за создавање иновативни компании
Создавање на нови суперкомпјутерски апликации, производство на додатоци во исхраната со растителни екстракти, како и иновативен центар за кулинарство, се само дел од проектите што ќе се развиваат во новиот научно-технолошки парк T+IN. Стратешките насоки за развој на технолошкиот парк беа презентирани од неговиот извршен директор Елица Панајотова. Веќе се реалност и првите успешни партнерства помеѓу претприемачи и претставници од научните средини.
Меѓу најинтересните проекти е планот за отворањето на т.н. лабораторија – иницијатива, создадена од Hewlett-Packard – Бугарија, Националниот центар за суперкомпјутерски апликации и Институтот за Информациски и комуникациски технологии на Бугарската академија за науки. „Оваа лабораторија ќе биде уникатна не само во Бугарија, но и во светски рамки“ – изјави Ираван Хира, генерален директор на компанијата.
Елица Панајотова откри повеќе информација за уште еден заеднички проект за бизнисот и науката, кој ќе се развива во една од лабораториите – проектот меѓу бугарската компанија „Провиотик“, која произведува додатоци во исхраната од растителни екстракти и која направи исклучителен пробив во светските пазари и Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Претставници на трите најголеми акселераторски фондови кои се активно присутни во Бугарија – Eleven, Launchub и NEVEQ го изразија своето задоволство од фактот, дека многу наскоро ќе започне со работа и уникатниот за Балканскиот полуостров Инкубатор. Тој има за цел да се претвори во местото што ќе ги обедини оние што сакаат да започнат бизнис со неопходните експерти, кои ќе им помогнат идејата да се претвори во услуга или производ.
Преку обезбедување на високо опремена и модерна средина, која одговара на потребите и на најбрзо растечките компании, стратешкиот проект на бугарската држава и Европската унија ќе им обезбеди на своите партнери ефективна палета на услуги и погодности – сали за состаноци, работа и отворени настани, тестирање на прототипи, презентирање на нови технологии и пронајдоци.

Оваа публикација е создадена со финансиската поддршка на Оперативна програма „Развој на конкурентноста на бугарската економија“ 2007 – 2013, кофинансирана од Европската унија преку Европскиот фонд за регионален развој. Целата одговорност за содржината на документот ја носи Софија Тех Парк АД и во никакви околности не може да се претпостави, дека овој документ го одразува официјалниот став на Европската унија или на Министерството за економија.
Ова е платен ПР текст на Sofia Tech Park. IT.mk не сноси одговорност за содржината.







