Суперкомпјутерот на ФИНКИ ќе се користи од јануари

13 коментари 1 мин. читање

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) од јануари 2012-та ќе започне да го користи најмоќниот кластер со високи перформанси во Македонија. Суперкомпјутерот, кој е во сопственост на Министерството за образование, а предаден на ФИНКИ да го управува, ќе можат да го користат сите истражувачи кои имаат потреби од пресметки со високи перформанси, или поточно за медицински, хемиски, биотехнички и информатички истражувања.

Суперкомпјутерот, произведен од Hewlett-Packard, е множество од 86 блејд сервери со 2×6 јадрени процесори и 24 GB РАМ, или вкупно 1008 процесори и 2 терабајти вкупна RAM меморија. Теоретски компјутерот поседува максимални 9,4 терафлопи.

„Ние на ФИНКИ веруваме дека со овој голем ресурс, значително ќе се подобри и зголеми соработката со индустријата, што ќе резултира со многу повеќе заеднички проекти чија практична примена ќе биде двигател на сегашната и идната македонска економија која се повеќе се базира на информатичките и комукациските технологии.“, вели професорот Анастас Мишев.

Kластерот ќе може да се користи со стандардни алатки за паралелно процесирање, но во иднина преку облакот ќе се отвори поголема можност да се соработува со стопанството.

Суперкомпјутерот е дел од 60 милионскиот проект на Министерството за образование и наука за инвестирање во истражувачки лаборатории.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

13 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top