Нова верзија на Google+ за Android

0 коментари 1 мин. читање

Google одлучи да ја освежи мобилната верзија на Google+ наменета за оперативниот систем Android. Причина за ова освежување е новата верзија на Android, Ice Cream Sandwich, која треба да се појави наскоро. Подобрената Google+ апликација е збогатена со нов интерфејс, подобрени нотификации, подобри перформанси, штедење на батерија, подобрени и зголемени фотографии, и многу нови карактеристики.

Новиот интерфејс е променет со цел да биде сличен со новиот оперативен систем Android Ice Cream Sandwich. Споделувањето содржина сега ќе биде далеку позабавна со новиот панел за споделување кој овозможува брзо и едноставно додавање кругови, локација, фотографии како и пишување пораки. Фотографиите се поголеми.

Најголемата промена е релокацијата на колоната за нотификации, кои сега се наоѓаат во горниот десен агол од апликацијата во форма на бројач. Оваа верзија исто така има и поддршка и за корисниците на Google apps. Корисниците исто така можат да се одлогираат кога сакаат.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top