Во 2011 година Google беше толку решен да инвестира во Uber, што на директорот на компанијата, Тревис Каланик му доставија празен лист како услови за инвестирање. Во овој период Uber беше под името Ubercab и не беа решени дали се транспортна компанија или дигитален сервис. „Калник им изгледаше како самобендисан идиот на сите надовор од компанијта, но беше динамит за финансиските медиуми кои го прикажуваа како бунтовнички херој на Силициумската Долина. Исто така и инвеститорите го засакаа. Секој пат кога излегувате со технологија која ќе направи промени во индустријата луѓето се обидуваат да ве турнат“, вели Бил Марис од Google во интервју за Fast Company.
Г. Марис кој се обидувал да инвестира во Uber од 2011 година на крајот му прати празен лист и побарал од г. Калник да му каже колку пари сака и да си одбере услови за инвестицијата. Калник побарал повеќе од 250 милиони при процената на компанија нешто помалку од 4 милијарди долари, што беа многу пари за компанија која постои само 3 години. Марис веднаш го прифати договорот, пишува Fast Company.
Uber денес вреди 51 милијарда долари и е на пат да го револуционизира такси превозот. Uber е толку агресивен и успешен во преземање на пазарот од таксистите, што ги принуди во неколку земји ширум светот да излезат на протестви, во Париз да запалат и по некој Uber автомобил, како револт. Во Германија Uber веќе е забранет, а Европската Унија прави истражување во легалноста на Uber.







