Војна на конзолите, според анализите на YouPorn

во Хардвер

Конзолите Xbox One на Microsoft и PlayStation 4 на Sony, речиси две години се во продажба и според сите презентирани прогнози и анализи во светски размери, нема сомневање дека лидер е PlayStation. Но иако овие податоци се ажурни, за жал истите се презентираат по региони и без можност за разгледување на учеството во различни држави. Но благодарение на анализата на сајтот за порнографски содржини YouPorn, кој ги искористи посетите кон сајтот за да направи целосна распределба по држави, може да видиме како статистиката на користење на овие две конзоли изгледа по држави.

Целата анализа се темели на претпоставката дека бројот на конзоли соодветствува со бројот на корисници кои пристапуваат од конзолите, што најверојатно и не е потполно точно и за жал од анализата не можеме да го видиме најрелевантниот податок, играњето на конзолите, но сепак можеме да ја видиме нивната застапеност.

Кога гледањето порнографија на интернет е во прашање, над 51 отсто од корисници на конзоли кои пристапуваат до YouPorn доаѓаат од PlayStation, па ова ја прави конзолата лидер во оваа категорија. Ова и не е изнендување со оглед на тоа дека и според бројките за продажба тоа е учеството на конзолата на Sony.  Ретки држави каде PlayStation не се лидери се Кина, Казакстан, Велика Британија и САД, а ако доминацијата на Xbox во САД не е изненадување, лидерството на Nintendo во Кина секако е.

Користењето на Playstation е најзабележително во Европа и тоа во: Франција, Германија, Белгија и Италија каде учеството на конзолата е над или околу 60 отсто. Доколку Nintendo успее да ги задржи пазарите во Кина, Казакстан и Сингапур и по отстранувањето на забраната за увоз на конзоли, компанијата би можела барем за кратко да ги одложи црните сценарија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk