Сундар Пичај до конгресот: „Нема програмирана пристрасност против конзервативците“

во Вести

Директорот на Google Сундер Пичај беше на сослушување пред Конгресот на САД. Тој требаше да одговара на прашања кои се однесуваат на начинот на кој компанијата работи.

Секако главно прашање беше приватноста. Претставникот на Google требаше да одговори што, како и колку податоци собираат од корисниците. На вие прашања тој одговори дека корисниците имаат избор да не дозволат прибирање на податоците, но и дека компанијата постојано ги советува корисниците да си ги проверат нагодувањата.

Од одговорите дознавме дека „дури“ 20 милиони корисници си ги провериле и промениле нагодувањата. Оваа бројка можеби на прв поглед делува пристојно, но само прелистувачот секој месец го користат над 500 милиони корисници.

Претставниците на Републиканците сепак повеќе беа заинтересирани да ја обвинат компанијата за пристрасност. Дури и по повеќе објаснување дека нема начин со кој некој би можел да влијае на алгоритмите, пристигаа обвинувања.

„Не е случајно така се направени алгоритмите…

Ова е опасност за демократската форма на владеење“, вели претставникот на Републиканците, Ламар Смит.

Залудни беа обидите на г. Пичај да објасни дека и надворешната и внатрешната проверка не пронашле никаков проблем поради кој резултатите би му делувале пристрасни на конгресменот. Дополнително, тој објасни и дека Google е прилично транспарентен за причините поради кои некои резултати се јавуваат погоре, а некој подолу на листата.

Секако прашањата не можеа да поминат без кинеската верзија на пребарувачот Project Dragonfly. Г. Пичај на овие прашања одговори дека засега станува збор исклучиво за интерни тестови во компанијата и нема никаков дефинитивен план за лансирање во Кина. Секако во продолжението на одговорот како да навести дека влезот во Кина не е исклучен.

„Нашата основна мисија е да им обезбедиме на корисниците пристап до информации. Пристапот до информации е важно човеково право.

Се обидуваме да го обезбедиме ова човеково право на секаков начин“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments