Преку Add or Remove Programs добивате целосна листа од апликации кои можете да ги избришете. Доколку, од некоја причина, не сакате одреден програм да се појавува на оваа листа, ви препорачуваме да го проверите Hide From Uninstall List. Со оваа системска алатка, лесно ќе можете да сокриете од листата одредени, или, пак сите програми кои сте ги инсталирале.
Употребата на Hide From Uninstall List се препорачува за ситуации кога не сакате некој да ви шпионира низ листата од инсталирани алатки. Во случај помалите да имаат пристап до компјутерот, ова е одлична дополнителна мерка за да не се избрише нешто по грешка.
Оние кои сакаат дополнително да ги заштитат алатките од бришење, можат и целосно да ја отстранат опцијата Apps & Features од Windows 10 оперативниот систем. Во тој случај, за да избришете одреден „сокриен“ програм, ќе треба одново да ја реактивирате опцијата.
Инаку, Microsoft има опција за рачно криење програми во Windows, но не се препорачува за почетниците. Чекорите за такво нешто ги имате на страната од која можете да го преземете Hide From Uninstall List.







