Судот за правда ќе ја провери размената на кориснички податоци помеѓу Европа и САД

Европскиот Суд за правда ќе ја разгледа размената на лични податоци преку интернет помеѓу Европската Унија и САД, јавува Reuters. Повторното разгледување на 14-години старата спогодба доаѓа откако ирскиот регулатор за заштита на лични податоци одби да ја испита вмешаноста на Facebook во Prism програмата на Националната агенција за безбедност (NSA).

Договорот помеѓу ЕУ и САД дозволува личните податоци да бидат испратени во САД, но дури и откако ќе бидат испратени со нив мора да се постапува според европските закони. Минатата година Europe-v-Facebook се пожалија до Комесарот за заштита на податоци во Ирска, бидејќи, според податоците кој ги изнесе Едвард Сноуден, NSA преку Project PRISM ја злоупотребува добрата волја на Европјаните. Откако комесарот одби да донесе одлука по ова барање групата се пожали на Врховниот ирски суд, кој го префрли одлучувањето на Судот за правда на Европа.

Судот ќе треба да одлучи дали поради ново настанатата состојба и доказите кои ги сподели Едвард Сноуден и прислушувањето на NSA, спогодбата треба да биде повторно разгледана.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Junior QA

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Senior Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk