0 коментари 2 мин. читање 20 јуни, 2014

Harley-Davidson го претстави својот прв електричен мотор

Harley-Davidson е најновиот производител кои се приклучи на се поголемата група која иднината на возилата ја гледа во нивните електрични модели. Објективно Harley-Davidson е најголемата „икона“ кога станува збор за мотори, па нивното приклучување има далеку поголема тежина од новите стартап компании. До крајот на годината електричниот модел ќе посети 30 продавници на компанијата, а наскоро ќе се појави и во новиот Avengers филм.

Првиот мотор на електричен погон од Harley-Davidson ќе биде LimeWire, а како и останатите електрични возила има импресивно забрзување и од мирување до 100 km/h може да забрза за 4 секунди. Со оглед на тоа дека доаѓа со електричен мотор, ова е единствениот мотор кој работи бесшумно.

[youtube]li5HbMk6yO8[/youtube]

Сепак не сите се воодушевени од тишината, најголем дел од членовите на Facebook фан групата на Hаrley-Dаvidson ги сакаат бучните мотори и не се воопшто воодушевени од Project LimeWire. Тука е и прашањето на безбедност за учесниците во сообраќајот кога се во прашање вакви бесшумни возила. Сепак со оглед на трендовите, новиот мотор на Harley Dаvidson сепак е чекор во поинаква, ако не и вистинска насока.

[youtube]t6F8O5A__Ds[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top