0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Vip оператор стартува селфи натпревар

Vip оператор ќе избира најдобра селфи фотографија. Селфито е светски феномен на мобилната технологија, кој никој не го очекуваше, но кога ќе погледнеме ретроспективно е прилично очигледен тренд кај егоистичните тинејџери бидејќи сите телефони имаат предна камера со висок квалитет. Според Vip, селфито може да ја „поттикне креативност, да ја потенцира индивидуалноста, слободниот дух и убавината“. Правилата на натпреварот се едноставни, фотографијата со најмногу лајкови ќе добие награда во првите три рунди, а во последната четврда рунда ќе одлучува стручно жири.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top