Судот од Виена одби да му пресудува на Facebook за нарушување на приватноста

во Свет

Виенскиот суд се прогласи за ненадлежен по прашање на нарушувањето на приватноста од Facebook во Европа. Во моментов во процесот Европа против Facebook, над 25.000 корисници ја обвинуваат друштвената мрежа за нарушување на приватноста, а уште 60.000 се на листата на „чекање“. Овој случај е потенцијално најголемо нарушување на приватноста во Европа, вели TechCrunch.

Тужбата е одбиена бидејќи судот смета дека таа треба да биде поднесена до судот во Даблин каде е седиштето на Facebook за Европа, а судот од Виена не може да донесе правна одлука која би се однесувала на Ирска. Тужителите ја обвинуваат најголемата друштвена мрежа за нарушување на приватноста, нелегално собирање и трансфер на податоци, шпионирање на прелистувањето на корисниците и учество во програмата за собирање податоци на американската Национална агенција за безбедност – NSA, PRISM.

Прогласувањето на судот за ненадлежен значи дека предметот ќе може да биде префрлен на повисока судска инстанца. Ова го најавија адвокатот Волфрам Прокш и Макс Шремс, главнитe тужители во случајот. Тужбата до повисока судска инстанца ќе се случи најдоцна за две недели. Доколку биде прогласен за виновен Facebook ќе треба да исплати 500 евра на секој од тужителите или заедно со казната вкупно 16.577.438 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments