Во Калифорнија некој физички ја напаѓа интернет инфраструктурата

Американското Федералното истражно биро (FBI) истржува 11 физички напади врз интернет инфраструктурата во Калифорнија. Нападнатата инфраструктура е во регионот на Сан Франциско, а првите напади се забележани од пред една година, јави USA Today. Нападите се едноставни, но за нив е потребен соодветен алат, кој овозможува отстранување на заштитата на каблите пред да бидат исечени оптичките влакна. Тоа што ги загрижува властите во САД е дека овие напади се само вовед во поголем напад.

Цел на последните напади е backbone мрежата на Level 3 и Zayo, а како последица на нападот без интернет останаа корисниците од Сакраменто и поширока област околу градот. Нападите кои претходеа без интернет оставија дел од корисниците во Аризона, во неколку градови во Калифорнија – Санта Клара, Санта Круз и Сан Бенито.

„Кога нападите се раширени на повеќе географски локации, се зголемува веројатноста дека не тестираат, времето потребно за поправки и зафатените области од нападите. Ова е кошмар за луѓето задолжени за безбедност“, вели Џеј Џеј Томпсон од Rook Security.

Дека станува збор за сериозна ситуација покажува дека Федералното истражно биро побара од граѓаните да ги пријават сите сомнителни лица кои пристапуваат до постројките на компаниите, притоа велејќи дека најверојатно напаѓачот влегува маскиран како вработен во одржување. За среќа досега резерната мрежа успеа да го огранучи опсегот на нападите, но дел од корисниците сепак остануваат без Интернет. Проблемот е поголем бидејќи дел од корисниците зафатени од нападот се и бизниси кои за својата работа мора да имаат интернет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk