Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии го одбележа Светскиот ден на храната

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Светскиот ден на храната се одбележува секоја година на 16 октомври. Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) донираше 100 килограми органски зеленчук во Центарот за бездомници во Чичино Село. Акцијата е во соработка со Црвениот крст на Македонија.

Светскиот ден на храната се одбележува секоја година во чест на формирањето на Организацијата за храна и агрикултура во Обединетите нации. Од 1981 година Денот на храната е тематски, односно секоја година е фокусиран на одредена област. Во 1987 тоа беа малите фармери; 1996 – Борба против глад и неисхранетост; 2007 – Право на храна; 2009 – Обезбедување сигурна храна во време на криза; 2016 – Климатски промени: Климата се менува. Храната и агрикултурата мора да се менуваат. Оваа година темата е „Нашата акција е наша иднина“.

„Одбележувањето на Светскиот ден на храната е суров потсетник дека дел од популацијата се уште се бори со елементарната потреба – храна. Оваа општествено одговорна акција на МАСИТ е една од низата активности кои комората ги презема во соработка со своите членки и соработници, оставајќи позитивен печат кај сите општествени групи а во правец на надминување на социјалните разлики“, велат од МАСИТ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments