Стави #КрајНаНасилството, учествувај во Generation Unlimited – Младинскиот предизвик

во ИТ.МК

СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје и УНИЦЕФ ги покануваат сите млади иноватори од 14 до 24 години да осмислат решенија за #КрајНаНасилството врз децата и меѓу децата во рамки на Младинскиот предизвик – Generation Unlimited.

Низ светот околу 1 милијарда деца се соочуваат со некоја форма на насилство. Половина од тинејџерите во светот се соочуваат со врсничко насилство во и околу училиштето. Нашата земја не е поразлична, и тука речиси половина од децата на возраст од 2-14 години доживуваат физичко казнување во домот.

8 од 10 родители известуваат за користење насилни методи (психолошко или физичко казнување) како начин на воспитување.

Насилство меѓу врсници исто така се случува секој ден. Насилничкото однесување се случува и на интернет, каде сторителите остануваат анонимни, но последиците се катастрофални.

Ниедно дете не треба да расте со страв. Стравот ги ограничува генерациите да веруваат во себе, да градат здрави односи, и да го реализираат нивниот потенцијал.

За таа цел пријавете за Generation Unlimited – Младинскиот предизвик најдоцна до 29.10.2018 на следниот апликационен формулар.

Повеќе информации и детали за предизвикот пронајдете на официјалниот Facebook настан или официјалниот сајт.

Тема: Како може да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата?

Специфични предизвици:

  • Како може да креираме систем за поддршка, платформа или да ги поврземе ги поврземе инспиративните личности од нашето опкружување, со цел жртвите да можат полесно да пријавуваат и бараат помош од професионалците и врсниците?
  • Како може да го намалиме булингот, булингот преку интернет и насилството помеѓу младите луѓе во и околу школите вклучувајќи ги и јавните површини и јавниот транспорт?
  • Како да ја промениме перцепцијата и однесувањето помеѓу повозрасните за позначајно вклучување на адолесцентите и младите луѓе во нивните заедници?

Кој може да аплицира?

    • Тим од 3 -5 млади луѓе кои се на возраст 14-24 години
    • Имаат или започнуваат да работат на нова идеја или проект

Што се бара?

  • Идеи кои имаат потенцијал да бидат одржливи (наместо еднократни кампањи или активности)
  • Идеи кои се успешни или може да бидат успешни во локални заедници
  • Идеи кои може да бидат реплицирани или скалирани во други земји

Искористете ја шансата да преземете акција!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments