Гејминг платформата Steam стана продаваница за апликации. На платформата сега може да се најдат Windows апликации и како што беше праксата до сега, Steam ќе продолжи да нуди попусти за одредени апликации, во моментов има 10 отсто попуст на сите апликации. Но за разлика со видео игрите, програмерите нема да доиваат 70 отсто од продажбата, туку процентот ќе зависи од бројот на продадени апликации, цената и други фактори.
Интересно е што Steam ја стартува продавницата само неколку недели пред да биде објавен Windows 8 кој ќе си има своја продавница за апликации. Но, Valve, компанијата зад Steam, верува дека Microsoft со Windows Store ќе го затвори оперативниот систем бидејќи сака да зема 30 отсто од продажбите. Вака, со своја продавница Valve ќе може да си го задржи бизнисот и своите 5 милиони корисници.
Апликациите се достапни на http://store.steampowered.com/software/.








