3 коментари 2 мин. читање

Android Јelly Bean vs iOS 6

Само 23,7 отсто од Android корисниците ја користат  верзијата Ice Cream Sandwitch, a само 1,8 отсто корисници користат Android 4.1 Jelly Bean. Ова се резултати од истражувањето кое е објавено на Android Developer форумот.

Најголем дел од вината зошто не се користи најновата верзија на Аndroid оди кај провајдерите на мобилна телефонија и на производителите на преносни уреди (таблет комјутери и  паметни телефони). Иако Jelly Bean беше најавен уште во јуни, сепак некои оператори само што започнува да нудат надоградби на уредите кои можат да ја поддржат најновата верзија. На пример, HTC прво го претстави својот нов HTC One X+ телефон кој ќе работи на Jelly Bean, а потоа најавија надградби до Jelly Bean за постарите верзии One X и One S.

Фрагментацијата на оперативниот систем e многу поголем проблем кај развивачите на софтвер отколку кај корисниците кој можеби и не се заинтересирани да ја имаат последната верзија на оперативниот систем со сите нови функционалности и подобрувања, туку пред се сакаат евтин паметен телефон со кој ќе можат да си завршат работа.

За разлика од Google, Apple нема проблеми со фрагментација на оперативниот систем. Новиот iOS 6 веќе сега е присутен на 60 отсто од телефоните. Кај iPad ситуацијата е малку полоша, но сепак над 50 проценти се префрлени на последната верзија на оперативниот систем. Анализа на Apple уредите и iOS направи Chitika.

Тоа што Apple лесно може да ги убеди своите корисници да го користат последниот издаден оперативен систем, значително им ја олеснува работата на програмерите кои изработуваат апликации за AppStore. Сепак критичарите се во право кога тврдат дека Apple сака целосна контрола врз своите уреди и затворен оперативен систем, иако таква стратегија очигледно им функционира и кај корисниците и кај програмерите. Корисниците кои мислат дека Apple го подржува „Jailbreaking“ прават грешка. Apple го толерира jailbreak главно бидејќи со судска одлука се приморани на тоа. Но, хипотетички, во моментот кога Apple ќе  изработи оперативен систем кој нема да може да се пробие, ќе биде и крај на „отвореноста“ на iOS.

Ако за iOS нема двоумење и најкористен оперативен систем во моментов е последниот издаден iOS 6. Кај Android сè уште најупотребувани се верзиите на две години стариот Android 2.3.x-Gingerbread, со речиси 50 отсто од корисниците. Таквата фрагментација претставува сериозен проблем за Google, производителите и крајните корисници, и тоа ќе биде нешто што мора да се поправи доколку Android сака да стане број 1 платформа. Во меѓувреме ќе биде интересно да се види како новиот Windows Phone 8 ќе се постави на пазарот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top