Valve ја откри првата од трите непознати најави од новиот „универзум за забава во дневната соба“. За Steam конзола ќе мора да бидеме потрпеливи, бидеќи првата објава е Steam OS, оперативен систем базиран на сегашната Steam платформа и Linux.
Steam OS е оперативен систем со интерфејс наменет на корисниците кои сакаат своите игри да ги играат на телевизори. Покрај ова доаѓа можеби најневеројатната најава, Valve вели дека голем број на студија веќе работат на AAA-наслови кои на Steam OS ќе се појават во 2014 година, но покрај ова Steam Box ќе ги поддржува и игрите кои работат на Windows оперативен систем. Како и досега ќе биде потребен десктоп преку кој ќе се стримаат игрите на телевизорот.
„Со Steam OS постигнавме значаен напредок во перформансите при графичкото процесирање и сега работиме на аудио перформансите, како и на доцнењето на командите. Дизајнерите на видео игри веќе ги користат овие предности таргетирајќи го SteamOS за своите нови игри.“, вели Valve.
Но, зошто би им бил потребен оперативен систем на Steam? Компанијата гледа на Windows App Storе како можен конкурент кој би можел да одлие голем дел од парите од игри и апликации кои во моментот одат во „џебот“ на компанијата. Самиот Гејб Њувел го нарече Windows 8 „катастрофа за PC гејмингот“. Ова потег е еднаков на оној на Google, кога на производителите на паметни телефони, бесплатно им го достави Android за оперативен систем, за да им конкурира на Apple и iOS, вели The Verge.
Изненадувањата од Valve нема да застанат овде, веќе за 25 септември е најавена втората објава, а до крајот на неделата не очекува уште една. По оваа речиси сигурно е дека на следната може да ја очекуваме конзолата на Valve, но што ќе остане за последната презентација засега е мистерија. Дали можеби Valve конечно ќе им ја исполни желбата на милиони фанови и ќе ја најави Half Life 3?









само последната најава нека биде са халф лајф 3.
2рата најава и официјално е дека ќе има конзоли. Најверојатно третата најава која е во петок најверојатно ќе биди Source 2 кој најверојатно ќе работи исклучиво на OpenGL.
Со овај енџин, најверојатно 2014 ќе ја најават HF3 како експлузивна игра за конзолите.