Microsoft бара втора шанса со Surface 2

во Хардвер

Првите верзии на Surface требаше да бидат конкурентни на Android, Kindle и iPad уредите, но на крај завршија неславно и под очекувањата на Microsoft. Сега, компанијата, која уште го чека наследникот на Стив Балмер, има втор обид да ни го привлече вниманието на, како што вели, подобрените Surface 2 таблет компјутери.

И двете верзии на 10,7 инчниот Surface – RT со чипови од ARM и верзијата со процесори од Intel – се надградени, и сега се „потенки, полесни и побрзи“. Surface RT има Nvidia Tegra 4 процесор и подобра поддршка за 1080p видео; додадена е 3,5 мегапиксели предна и 5 мегапиксели задна камера за снимање на 1080p видео, додека Surface Pro кој работи на чипови од Intel сега има, според Microsoft, 75 отсто поиздржлива батерија. Покрај хардверските подобрувања, Microsoft најави дека корисниците на Pro ќе добијат до 200 гигабајти простор на веб складиштето SkyDrive и целосен Office пакет.

Најевтината верзија од 32 GB на Surface 2 е околу 450 долари, што можеби е малку повисока цена за уред кој не успева да се пробие на пазарот. Во моментов само 5 отсто од пазарот на таблет компјутери му припаѓа на Surface. Поради лошиот старт, Microsoft истрпи 900 милиони загуба на RT верзијата, но секој заслужува втора шанса.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk