Овој викенд започнува нешто што би можело да биде особено ценето од сите косплеери, гикови, фанови, јутјубери, кастери, ентузијасти на турнири, како и за фановите на аналогните игри.
На 14 и 15 декември, во „Ист гејт мол“ во Скопје ќе се одржи финалето на седмото издание на А1 Game Fest. За време на финалните дена, посетителите ќе може да бидат дел од:
- Турнити во Counter-Strike 2, Dota 2, Tekken 8, EA SPORTS FC™ 25
- Cosplay
- Натпревари во Board Games
- Ретро и напредна компјутерска изложба
- K-Pop забава
- Пренос со Дебели Гикови и епизода на GG.MK
- Попусти на одредени производи
- Награди од организаторите
- Запознавање со познати македонски јутубери
Активностите од овој гејминг фестивал се овозможени од заедничка соработка на многу компании. Дали ви делува интересно? Доколку решите да бидете дел од настанот, кажете ни во коментарите како ви се допаѓа!