Eiyuden Chronicle: Hundred Heroes Season Pass – Што ќе најдете во неа?

Eiyuden Chronicle: Hundred Heroes е RPG игра која го привлече вниманието на многу гејмери, особено љубителите на јапонските RPG наслови. Играта беше огромен успех на Kickstarter во 2020 година, покажувајќи ја силната поддршка од заедницата. Сместена во светот на Аларан, играта раскажува приказна за различни нации и култури кои коегзистираат, а понекогаш и војуваат, користејќи магични предмети. Империјата Галдеа, меѓутоа, открива технологија за засилување на овие предмети и започнува потрага по артефакт со уште поголема моќ. Низ интересната приказна, ги следевте Сејн Кеслинг, млад офицер на империјата, и Нова, момче од оддалечено село. Откако видовте на кој начин нивните патишта се вкрстуваат, би можеле да ја продолжите авантурата со сезонската пропусница.

Најзначајниот дел од Season Pass се трите проширувања на приказната. Првото, The Chapter of Seign, им овозможува на играчите да ги видат настаните од главната сага од перспектива на Сејн и оние кои се одвоија од групата на Нова. Ова проширување истражува што се случувало во Империјата додека биле разделени и какви тајни улоги играле Сејн и неговите сојузници, влијаејќи на настаните од сенка.

Второто проширување, The Chapter of Marisa, е предвесник на главната приказна и го следи патувањето на Мариса како чувар и нејзината средба со маѓепсана девојка која е фасцинирана од древни рушевини. Приказната се одвива во Greatwood и мистичните Runebarrows, дозволувајќи им на двете хероини да откријат тајни поврзани со енигматичното дете на руната, додека се соочуваат со мистериозни и злобни сили.

Третото проширување, The Chapter of Markus, ги вклучува Маркус, Кери и Нова. Тие откриваат аномалија наречена Menhir’s Distortion и отвораат мистериозен портал, дозволувајќи во да се впуштите во енигматична димензија и да откриете дел од минатото на Маркус.

Покрај проширувањата на приказната, Season Pass вклучува и пакет за преуредување на главната база (HQ Makeover Pack), како и дополнителни козметички елементи и друга содржина од козметичка вредност.

Сезонската пропусница за Eiyuden Chronicle: Hundred Heroes не е само збир на козметички додатоци, туку нуди суштинско проширување на наративот низ трите детални поглавја. Овие проширувања овозможуваат играчите да ги истражат настаните од главната приказна од нови агли, да откријат скриени мотиви и заговори, како и да се впуштат во комплетно нови авантури кои го збогатуваат познавањето на светот и ликовите. Дополнителниот пакет за преуредување на базата и козметичките елементи се убав бонус што го заокружува пакетот. За љубителите на Eiyuden Chronicle кои уживаа во основната авантура и сакаат да поминат повеќе време во светот на Аларан, продлабочувајќи ја приказната и откривајќи нови тајни, сезонската пропусница претставува вредна инвестиција која ветува многу часови дополнителна содржина и уживање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk