1 коментар 2 мин. читање 16 октомври, 2018

Palm претстави нов минијатурен паметен телефон

Во период кога сите бараат поголем телефон, производителите работат на се поголеми уреди, но не и Palm. Производителот претстави уред кој за денешни стандарди се смета за минијатурен.

Новиот телефон го собира е навистина малечок, иако во минатото кога навистина се ценеа уреди со помали димензии имало и помали уреди. Секако не паметни телефони, но пред да започне ерата на паметни телефони имаше краткотрајно лудило по мини уреди.

Новиот Palm телефон не е толку малечок, речиси е со иста димензија како iPhone 1, вели TechCrunch. Хардверот секако не им е од иста генерација. Palm доаѓа со 3GB RAM; 32GB слободен простор и Snapdragon 435 процесор. Секако хардверот е далеку од импресивен, иако најверојатно сосем доволен за овој уред.

Оперативниот систем со кој доаѓа уредот е Android 8.1. Сепак дури и на прв поглед екранот повеќе наликува на WatchOS. Големи икони поставени на екранот, овозможуваат лесно користење иако екранот е помал од она на што сме навикнати. Можеби екранот не е минијатурен, но секако не е доволно голем за удобно пишување. За среќа како и кај часовниците користењето на асистентот е едноставно, и најверојатно телефонот токму вака и ќе се користи.

Најголем недостаток на уредот е достапноста. Засега е достапен во продажба единствено во САД, а дури и таму единствено за корисниците на Verizon. Цената од 350 долари изгледа дури и симболично во време кога се навикнавме на телефони кои чинат и три пати повеќе.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top