0 коментари 2 мин. читање 30 јуни, 2016

Стартува виртуелниот оператор Lycamobile

Британскиот виртуелен оператор Lycamobile официјално стартува во Македонија, откако беше претставен во земјата како еден од условите за да се се оствари спојувањето меѓу Vip и One. Во некои земји Lycamobile се наоѓа во хаотична ситуација поради обвиненија за перење пари, но сепак се работи за еден од најголемите светски виртуелни оператори со операции во 21 држава.

Предизвикот пред Lycamobile кој стартува со конкурентни пакети што вклучуваат бесплатни повици кон Lycamobile броеви на различни континенти; е дали ќе може да успее како виртуелен оператор во Македонија. Локалниот пазар е доминиран и заситен од Tелекон и one.Vip со над 115 отсто мобилна пенетрација. Веќе имаше два обиди за виртуелни оператори како WTI кои воопшто не стартуваа и Albafone кои се обидоа да креираат сегментиран пазар со националистички маркетинг, но се изгасија после неколку месеци.

Lycamobile броевите ќе бидат со префикс 079.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top