За сообраќајките треба да се одговорни производителите на автономни возила

Анкета на 50.000 испитаници покажува дека дури 79 отсто од луѓето сметаат дека во незгоди во кои учествуваат автономни возила, одговорни се производителите на овие автомобили. Сепак, повеќе од половина велат дека автомобилот мора да има волан за поголема контрола, пренесува Recode.

Производителите на автомобили овој пат се чекор понапред. Google, Volvo и Mercedes пред нецела година прифатија да ја преземат одговорноста кога нивните возила ќе бидат одговорни за сообраќајна незгода. Тогаш ова беше одговор на проблемите кои ги презентираа американските судови. Слично како и испитаниците и шведскиот производител смета дека возилата, иако автономни, треба да имаат волани, за возачите да можат да променат помеѓу робот-возач и мануелно возење.

Досега од тестовите знаеме дека автономното возило на Google имаше околу 14 сообраќајки, кои интересни сите беа направени од другиот човек – возачот. Иако ова влева доверба во роботските-автомобили, сепак како што ќе се зголемува бројот на ваквите возила на јавните патишта, ќе се зголемува и хаосот и за жал бројот на сообраќајки.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk