Elancer.mk e нов македонски сајт кој ќе се обиде да помогне при ангажирање и наоѓање хонорарна работа, а во исто време и да биде огласувач на „еден поинаков начин“, објаснува Трајко Дангов од Интер Дангов, компанијата која стои зад проектот.
Концептот на Elancer.mk е да обезбеди платформа за нудење и барање на хонорарна работа. Преку сајтот нарачателот наведува кого бара и за каква услуга му е потребен, и ги следи понудите и профилите со препораки и вештини од другите корисници кои се заинтересирани за таа работа.
Elancer.mk нема да наплаќа за членство. Нивниот бизнис план е со препораките, односно ќе земаат процент ако нарачателот на услугата реши да ја исплати хонорарната работа преку сајтот. Со исплаќање преку сајтот се доделуваат препораки кои можат да помогнат при наоѓање на нова хонорарна работа.
„Целта на нас ни е кога користиш услуга на некое лице, или од него купуваш производ, да можеш да ги видиш неговите препораки. А за да не бидат злоупотребени препораките, мора да имаме увид во поглед на плаќањето. Така функционира и со останатите светски веб страни кои се слични на нашиот.“, објаснува Трајко.
Коментари
20 коментари
Коментарите се затворени.