Излезе Joomla 3.0 со поддршка за мобилни верзии

во Веб, Софтвер

Joomla e CMS (Content Management System) со отворен код и се користи за креирање на страници и блогови, а во својата нова верзија носи и неколку промени, како што се можноста за копирање на темплејти, оневозможување на промена на корисничките имиња и профили, инсталирање на повеќејазична поддршка и слично.

Joomla 3.0 доаѓа со оптимизација за мобилните уреди, па така администраторите на Joomla сајтовите преку својот мобилен телефон ќе може да ги обавуваат своите администраторски обврски. Базирана е на Twitter Bootstrap рамката и целосно е прилагодена за сите мобилни уреди, компјутерски таблети и за сите екрани.

„Како што се зголемува пристапот до интернет преку мобилните уреди, мобилните верзии на страниците во наскоро време ќе бидат поважни отколку десктоп варијaнтата“, вели Павао Орвинг, претседател на заедницата Open Source Matter.

Новата верзија можете да ја преземете од официјалниот Joomla сајт.

[youtube]JX7167Nn0R4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk