Стартува Блогираме.мк, агрегатор за блогови кој сака да ја промовира и развива македонската блогосфера. Идејата за агреагаторот доаѓа од Facebook страната „Mакедонски Блогери“, велат основачите.
„Велат дека сонот кога тогаш се остварува ако искрено се верува во него… Пред две години започнав со страницава со доза на скептицизам и неразбирање од блогерите за идејата и крајната цел и намена. Времето покажа дека бев во право… рамо до рамо ја протуркавме идејата со Краљ.”, пишува блогерот Игор Пипо Саздовски.
Сега одиме чекор понапред во проширен состав и многу појак тим, вели Игор. На новиот агрегатор Блогираме.мк, кој сè уште е во бета фаза, блогерите ќе може да си го пријават својот блог и да учествуваат во „промоцијата и развивањето“ на блогосферата.
„Кој знае… можеби еден ден ќе имаме и сопствена блог платформа која ќе ги слуша блогерите и ќе биде заедно со нив во сите идеи, желби и предизвици. Поздрав блогеришча.“
Блогираме.мк во моментов има 136 пријавени блогови распределени низ неколку категории, а секој пост има опции за споделување на друштвените мрежи.
[…] Неодамна објавениот агрегатор за блогови, Блогираме.мк oрганизира журка по повод „раѓањето на нашето сајбер-катч“ на која ги повикува сите заинтересирани блогери и тие што се мислат да отворат блог за да се запознаат и дружат. Дечките од Блогираме.мк велат дека проектот е креиран од заедницата за заедницата, и ова е еден добар начин да се зближи таа заедница. […]
[…] by three popular twitterers/bloggers Pipo, Necovski and Iskric, and hailed by the community (1, 2, 3, 4, 5), it invites manual submitting of sites, which can be used as an indicator of the […]
2 godinii? nie za 2 dena go napravivme.. se gledame naskoro
Овие агрегаторите станаа мода во Македонија
Подобро тоа отколку 9gag или кајгана стајл сајтови