Facebook претстави премиум реклами кои се појавуваат откако ќе се одлогирате од мрежата

Едни од новите премиум реклами на друштвената мрежа се реклами кои ќе се појават откако ќе се одлогирате од мрежата. Facebook вели дека овие огромни реклами ќе допрат до 37 милиони луѓе што се одлогираат секој ден. Овие реклами ќе можат да ги таргетираат сите корисници, не само фановите на страната, што најверојатно ќе ги привлече големите компании да претстават привлечни за око визуелни реклами.

Новите премиум реклами на Facebook сега се пакуваат како „приказни“ бидејќи Facebook сака брендовите и икорисниците да не се разликуваат на мрежата. Како и кај корисниците, сега со Timeline страни се предизвик за брендовите да најдат соодветна содржина за да ја претставаат својата приказна.

Facebook претстави неколку вида премиум реклами. Има реклами претставени како постови на фан страните на брендовите. Ќе има и реклами во корисничкиот фид за вести кои ќе ги гледате дури и да корисникот да не е фан на страната, но негов пријател е. Има реклами од десната страна на фидот кои сега ќе рекламираат постови или видео, наместо да се статична реклама со линк. Facebook го претстави и Reach Generator, алатка која ќе им овозможи на брендовите да платат повеќе доколку сакаат повеќе луѓе да ги видат нивните постови.

Дополнително, на Facebook Marketing Conference беа преставени и мобилни реклами кои ќе се појавуваат во фидот за вести на вашиот паметен телефон. Овие реклами ќе таргетираат скоро 400 милиони корисници кои ја користат мрежата преку паметен телефон.

Сите овие промени со Timeline профилите и рекламите покажуваат дека Facebook сака да се претстави како машина за генерирање проходи пред да излезе јавно на берзата. Се проценува дека со излегувањето, Facebook ќе достигне вредност од 100 милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk