Седумнаесет мистериозни предаватели наречени „пресретнувачи“ се пронајдени во САД во август. Кулите можат да се користат за прислушување или за инсталирање на злонамерен софтвер, јави Popular Science.
Предавателите ги открија корисници на CryptoPhone 500, супер-безбеден паметен телефон. Станува збор за компјутери кои се опремени со радио и софтвер кој користи протокол како мрежата за мобилни телефони со можност да ја заобиколи заштитата. Кулата функционира без разлика дали телефонот е Android или iOS, бидејќи комуницира со „baseband processor“ кој е посредник помеѓу телекомуникациската кула и оперативниот систем на телефонот.
„Комуникацијата со baseband-процесорот е една од најсложените елементи за комуникација. Компјутерот не зборува 4G или GSM, а овие протоколи се и криптирани. Би морале да купите специјален хардвер и да откриете што значат брановите. За најголем дел од јавноста е неразбирливо“, вели безбедносниот експерт, Метју Роули.
Засега останува непознато чиви се кулите бидејќи добар дел од нив се поставени во близина на воени бази на САД. Сепак ниту iPhone, ниту Samsung Galaxy S4, не реагираат кога ќе се поврзат со „пресретнувачите“. „Додека се возевме iPhone не забележа никаква разлика. Samsung Galaxy S4 се префрли од 4G на 3G, па повторно на 4G. CryptoPhone се осветли како новогодишна елка“.